Браво женска Јас сум 16 недела и веќе имам 3кг качени , но со оглед на тоа што почнав со 55кг очекувам да стигнам +15 кг минимум Ако не е тајна ти со колку кг ја почна бременоста?
Ти исто ко мене ја со со +20 отидов на пораѓај значи негде 73-74 Дома дојдов со 62кг и еве сњга 59.700 сама паѓа килажа ту бре да не можам да задржам килажа
E Како бе така толку само? Не дека јас сум многу покачила,ама 4 не сум. Кога останав бев 64..сега сум76...и вагата е повлечена во изолација е,за да не се мерам...и до крај дома не се мерам,само на прегледи кога ќе одам.. Надевам се после пак ќе сум згодна разбираш
Хаха, секако ќе си згодна . Епа колку толку внимавам, не јадам касно. Ама и јас искрено очекував многу повеќе . Секој организам е различен. Може кога ќе дојам ќе се поправам.
Секој организам е различен, некој е склон кон дебелеење а некој не. Најважно е да сме здрави и да си родиме здрави бебиња, па дали дебелки или слабички секако ќе сме си убави
Тоа е паметно и супер, добар доктор имаш. Јас ионака кога бев Мк и здраствената и мајчината книшка секогаш ми беа во ташната. Ама не по препорака на матичната Иако на приватно одев на гинеколог за прегледи, матичната беше доста безобразна и многу се каам што не ја сменив со друга. Тука немам мајчина книшка, пошо сите болници во оваа земја имаат пристап до мојата здраствена историја компјутерски. Преку здраствениот број.
Конечно се измерив за прв пат во бременост, пред некој ден, 36та недела. 20 кг плус До пред да останам бремена имав проблем, не можев да качам на килажа никако, сега ми е страв дали ќе симнам барем 2 третини
Сега веќе и отоци има и вода која се задржува. Дел ке симнеш веднаш по пораѓај. Ако јадеш нормално и доиш ке летаат кг -. Ако си јадеш како мене ке бидеш подебела од сега. Јас од болница излегов со 10 15 помалку а потоа навалив на храна и сега маки мачам да ослабнам.
Па од исхраната се плашам и јас. Имам зголемен апетит сега и си јадам се, си викам ај да не се лишувам од храна у трудноќа. Ама можно е после па изговор да ми биде доењето и да си лапкам пак
Не се секирај. Најважно е да родиш здраво и право бебе. После тоа ќе си одиш ако треба на нутриционист, ќе си воведеш режим на вежбање и ќе бидеш уште позгодна од предходно
И мм вака збори. Ако останам барем приближно вака, нема да можам да се трпам самата, дефинитивно ќе превземам нешто. Ама се покајав сега на крај што се измерив, ич не ми требаше
Јас во бременоста ( на огромно изненадување ) немам проблем со тежината еве 36 + 2 денес и утрово ми покажа околу 3 кг плус. Ама здравје откако ќе се роди мислам дека ако не се ставам на некој ред наеднаш ќе качам многу. И сеа од тоа повеќе ми е страв.
Јас ептен се поправив, од 61кг пред бременоста сега сум 32 + 5 и сум 74кг. Ми се плачи, јас не одам туку се тркалам. Се надевам само дека лесно ќе се намалат.