Супер ти е почетната килажа така да нормално е да тераш и 15+. Не се замарај ќе изчезнат за миг после пораѓај
Сеа видов што си ме прашала јас ја почнав бременоста со вишок килограми, 91.4, еве денес 37 полни недели 92.7 сум. Како што бев склона на дебелеење стварно сум изненадена како се движам. Јас според почетната треба најмногу до пораѓај во плус да сум од 5-10кг.
Бев 60кг, дознавме дека се близнаци и мислев дека ќе станам слон Од болница излегов со 61кг. Се поправив само 9 кила
Браво мила. Одлично се држиш Важно е бебче да е здраво и право па после пораѓај ќе ги лизнеш за час, ќе видиш Трчкања околу бебче, ќе забораваш да јадеш
Јас бев така, почнав со 59 заминав на породување со 81, кога се вратив од болница 73 и денес по 12 дена се мерив имам 66. Бебчето ќе ти е фитнес не секирај се идма ќе ги вратите сите килограмите.
Со првото имав 12+, 72 кг на пораѓај, дома се вратив со минус 10. Одма се вратив во форма дури и стомачните си останаа. Сега почнав со помала килажа, 54, ама веќе имам 68. Ќе ги заминам тие 72 овој пат сигурна сум. Се плашам дека многу ќе се раширам и ќе ми остани висната кожа. Со првото со доењето ослабнав многу, стигнав и до 55 кила после пораѓај, се надевам и сега ќе е така.
Јас со 5 кг вишок ја започнав бременоста сега сум 13 недела 1,5 кило имам накачено до сега,има да се тркалам до крај.