Ништо не е тоа на овие недели, па само во стомакот одат. Рачунај дека и плацентата и водата си тежат, плус бебето. Камо јас да бев вака. Веќе стигнав на +10, 33+6. Не ми се само во стомакот, очигледно.
Да си се тешам така, бебето тежи,плацентата тежи...знам дека ќе отидам 100плус тоа ме плаши инаку вака не се замарам
Одма ќе ги стопиш. Со ова темпо, нема да се многу плус кај тебе до крај. Вака го кажуваш ко страшна бројка, ама висока си многу. На сликите си супер.
Јас со 91.4 почнав, сеа сум 94.4, идев и јас до плус 5 па ми се вратат, и јас мислев над 100 ќе отидам. Ама еве само плус 3 денес бев. Велат на крајот не се качувало, дека дури може и да се слабее.
И јас почнав со 55/56кг ама сега 17+ сум поправена 4 кг. Значи во 25 недела не ми бегаат +10 Да сме си живи и здрави со бебушките
Абе искрено јас многу многу не му ја мислам за килажата ќе се намали само бебушките да се здрави и живи другото ќе симниме кога ќе се родат хахах
Јас сум 37гн. Стартна 64 ,сега 77= не планирам повеќе. П.С. Вагата е веќе ставена на тешко достапно место,знаете зошто нели?
Да си се поправам, се качува и на крајот ако почнеш да јадеш како јадење да немаш видено никој пат. За 5 дена од 94.4 отидов на 96, навечер 97 ама претерувам, само јадам, ладно не излегувам и од досада се прејадувам ( па и во тоалет не можам да идам ), ако не се породам скоро, или ако не попушти времето малку, ќе ја минам 100ката со ова темпо.
Леле и јас заПочнав со 92 кг, сега сум +10 во 30та недела. Како ли ке ме биде до крај не знам, веке ми е Претешко. Не ми е научено телото на оваа килажа, цел живот сум била околу 80 кг нешто +- ама во Првата бременост се ПоПравив и не се Потрудив да ослабам. Одвај чекам да се Породам и да се ставам во ред. Да ни се само живи и здрави бебушки ке слабееме има време
Јас сум 25+6 кога останав бев 52кг сега сум 63кг.. Барем да ми остане некое килце ама тешко. Пак ќе бидам 52..
Јас сум во 22 недела, и поправена сум некои 4 - 4,5 кила. Мислам дека градите најмногу ми тежат, ми се дуплираа во големина. А кога се мерите, наутро или во текот на денот? Јас обично наутро, ама приметувам дека во текот на денот многу варирам, па ја запишувам само утринската килажа.