Прва бременост стартна килажа ми беше 62 а стигнав до 74. До трет месец после пораѓај веќе ги немаше килограмите. Сега стартна килажа ми беше 72. 19 недела сум со +4 кгр. Ќе одам до кај 90 сигурно. Близнаци се. Ама дај Боже да е се ок со нив, после ќе му ја мислам. Плус ако цицаат, охо песна ќе биде.
39+1 Имам иста килажа, 86 кг Зошто стагнирав и не се поправам веќе не ми е јасно. Мислев до +90 ќе одам
Како са ослабнам уште 6 кила? До сега сами си се спуштаа секој ден, ама сега гледам стопираа и апетитот ми се покачи Хелп! Фармерките стари не ме собираат, а ги имам за извоз.
Онлајн работат сега. Јас така бев пред да забременам и доста резултати има. Ќе пратиш само крвна слика и за месец дена има топ да станеш. Храната ми беше најразновидна, од млеко, месо, овошје, зеленчук а килограмите си се топеа али јас бев за малце повисоки димери и ми се вратија во нормала а слабеењето беше гратис хехе
Јас денес ја почнувам 20та г.н. Стартната килажа ми беше 55 кг, сега имам 58.5. Градите и кај мене се дуплирани и стомакот веќе ми се познава. За килажата да можеш прецизно да ја следиш, или ја запишуваш секое утро, на гладно, набрзо после будење, или почнуваш да ја запишуваш само навечер, пред легнување. (Сепак подобро и препорачано е да се следи наутро). Секој човек во текот на денот може да варира од 1-1.5 кг во зависност од начинот на исхрана, движењето во текот на денот, конзумирање течности итн итн.
Ако доиш уште ке слабееш,тоа е најдобра диета, јас слабеев по 2кг месечно, јадев нормално и пиев према а дуо. Од 78 кг стигнав до 62 и престанав да дојам, сега сум 19н+ и сум 69 кг ама нагло почнав да се дебелеам, ама ако се роди некој цицач како бато немам гајле за слабеење.
Вака да си тераш до крај, јас како тебе бев до 6ти месец, дали 5кг качив, затоа сега во трето тромесечие надокнадив и за двете хахаха.
И јас би да не качам многу ама не се прашувам јас,од витаминиве како дупната сум само ми се јаде. И така со 5 кг вишок ја започнав оваа бременост. Се надевам нема многу да качам до крај.