Почнав со 91.4, се породив со 95.5, дома кога дојдов 89.9. Натаму ќе видиме нагоре или надоле ќе се движам
Воопшто не е загрижувачко. Мене докторот ми рече никако да не си дозволам првите три месеци да се здебелам, а до крај повеќе од 9кг не смеам да качам поради висината.
Почетна 81кг На пораѓај 92кг Денес 7 дена после пораѓај 84кг За натака ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата Апетит речиси и да немам, претежно на течности сум. Нек се слизнат под 80ка, пред да ми се врати апетитот
Почетна килажа 68 На пораѓај 86 Кога дојдов дома 80 Сега после една недела 75 Немам ич апетит. Јадам ама многу малку нешто ме заситува.
29+ г.н +15кг. Пазење максимално веќе, малце ако се опуштам одма сум склона кон поправање, а јас богами убаво се опуштив признавам. Јх и благо ми се непријател бр.1 ама првото тромесечие само јх јадев, од се друго ми се гадеше, а претходно живеев на протеински режим со години. Благо и сокот Некст Џои од вишна ми беа секојдневие скоро секој ден 2 тромесечие. Сега третово тромесечие се пазам најмногу, благо скрос исфрлив освен црно чокаладо и какао што си пијам, јх евентуално само еднаш дневно и многу вода, никакви сокови веќе и грицки. Освен Пепси Лајм, од тоа не се откажувам, го пијам од кога испадна. Признавам се опуштив, убаво ми дојде после толку години да јадам колку сакам и што сакам, ама доста беше, бебка си е напредна фала богу, и до крај малку друг режим ќе ја раниме веќе секако одобрен од матичната која ќе ме натепа ако качам уште некое кило...
21+ до сега 6 кила+. Како шо сум склона на дебелење си викам добро е до сега ама ми е страв при крај да не кренам нагло.
Јас да ти кажам до 20та недела имав само 1,5 качено. После тоа што се случи како се случи појма немам. За јадење исто си јадам количински, благо исто си јадам е само брза храна што ако јадев еднаш во недела, сега два три пати знам да изедам неделно. Многу ми се јаде.. викаат последните месеци најмногу се дебелее. А до крај имам уште еден месец, мечка ќе бидам
Ох внимавам демек ама до кога Без благичко во ден почнав да неможам, макар и малку. Колку си поправена ти?
Јас откако почнав да работам од дома ептен мечка се направив, јадам многу. Почнав со 64, сега во 31ва недела 76 кг. Уште 7 недели имам, не смеам да надминам 80, од денес благо забрането. За 5 недели сум качила 6кг
Машала Јас со 52 почнав, а до 65 сакам да стигнам, се нагоре ми е многу, а мислам и до 70кг ќе стигнам