Јас почнав со 54кг, сега сум 62кг, исто не би сакала повеќе од 65кг ама пореално ми изгледа 68кг од оваа гледна точка. Уште 5 ипол недели до термин, се зависи и кога ќе се породиме. Целта ми беше не повеќе од 70кг мислам дека ќе успеам (се надевам).
Јас сум 32 недела +18кг. Многу јадам, цело време мислам дека сум гладна. Навечер дури и кога станувам од спиење осеќам глад. Неделно ставам по кило. На пораѓај не мислам дека ќе одам со помалку од +25кг. Почнав со 54 сега имам 72. Страшно е ова, никогаш не сум била толку голема, тешко ми е, а контрола немам со јадењето. Тешко ќе биди и да ослабам знам.
Дали килограмите во бременоста имаат врска со полот на бебето? Велат за девојче се качува повеќе, за машко помалку шо мислите?
Јас со девојче калив 4 кг. се на се, ама почнав со вишок килограми. Нема врска полот, туку почетната тежина, колку си склона на дебелеење, квалитетот на исхраната, физичката активност, дали ти се гади или не... секако ако јадеш ,, за двајца'', доцна навечер, брза храна, газирано, благо... и плус си склоба на дебелеење ќе качиш многу килограми. Не треба од ништо да се лишуваш, ама колку толку внимавај на исхраната и за твое и за доброто на бебушот. Оти ти и 5кг и 35кг да качиш, бебе преку сила 5кг најголемо може да е, другото ќе си се складира кај тебе.
Браво мајка, јас сум склона кон дебелеење, имам и бавен метаболизам, па како ќе поминам ќе видиме, а инаку и јас сум со вишок килограми, се надевам нема да качам многу
Со машко качив 15+ кг, над 100 кг бев пред пораѓај, со тоа што бев веќе дебела кога оатанав бремена. Накратко, колку јадеш толку ке се здебелиш.
21+6, а веќе имам +7кг. Вака не си изгледам поправено, само градите ми се многу зголемени, а и стомаков богами. Ич не пазам на јадење, многу ми се јаде, пици, теста, буреци, благо.... Апликацијата ми вика дека максимум до 79 смеам да стигнам. Ептен ми е страв да не ги надминам... сега сум 70.500.
Многу мачнини имав јас и во 9ти малце поеќе што јадев , иначе се порции мали , и 5 раб мислам цела бременост само јадев
И јас мислам се што јадам во градите ми оди, тие ми се поголеми од стомакот Јас се пазам, ама и јас бурече, пица мх мх. Сега пијам демек смути, ама по еден сат ќе си земам бурече
И јас сум +7 Ич не му се замарај Јади што ти душичето сака само гледај да не претеруваш со благо и пици, пасти пошто тоа одма лепи Јас сега божем ќе намалам од тоа али ќе видиме колку ќе можам хаха
Хахахах битно со здраво почнуваш, има надеж. Се трудам да не претерувам, до скоро можев и секој ден тесро да јадам, последниве недели почнав да се контролирам малку, па ќе видиме.
Не секирај се, ќе ослабеш посебно ако доиш. Јас почнав со 59кг, на пораѓај отидов со 81кг моментално имам 62, наутро вагата покажува 61кг. А имам уште работа со малиов така да може и ќе ослабам повеќе од претходно.
Јас сум 7+1 и сум 3 кила поправена,не можам да сватам од шо,леб не јадам,газирано не,блахо на минимум,грицки многу ретко,ама ете...
Како ма Натке ти љубоморам И ја се тешам со тоа ама с плашам пошо сум подебелка така, 93 почнав сега 101 језда да ме видиш никојне би рекол дека ги имам тие кила ама јбг ќе се слабее после пораѓај