Ама да не кренам на крај повеќе од тебе И ова е многу мислам, ама без бел леб во ден неможам и тоа е лошото ама ајде ќе се издржи некако
21+6 имам качено 1 кг. Ама почнав веќе со прекумерна тежина. И кажав на докторката дека сум склона кон дебелеење, рече ќе пазиме ако треба и ќе се консултираме со нутриционист. Јас си јадам исто како и досега, додуша немам ни апетит нешто а и не повраќам само од некои јадења ми се гади од миризбата.
34 гн 63кг ( 6кг +), ама искрено гладна сум, посебно кога ќе си легнам Ако јадам колку што ми се јаде 26кг + би била
Пред пораѓај 90кг. 12 дена после пораѓај 78кг. се надевам дека брзо ќе ги симнам и овие барем докај 60-65кг да си бидам таман
Ахх спомени... Јас ја почнав бременоста со 70кг, до 20та недела качив на 86кг. Заради диетата од ГД ослабев и веќе 30та недела бев 80кг, останав 80кг до сам пораѓај. Кога се вратив дома бев 68кг. Доењево ме исцрпуваше па кога бебе наполни 4месеци јас достигнав 79кг. Се ставив на диета и сега сум 70кг, се надевам до 65кг дека ќе стигнам и да завршам со слабеење
30 недела поправена сум 6 кг почнав со 65 сега имам 71 се надевам нема да се поправам повеке од 10 кг
Се жалев некој ден пред да се породам дека сум поправена 21 кило. Не си верував на очите кога ја видов бројката на вага. Инаку пред трудноќа секогаш имав проблем со тежина, во смисла дека не успевав да качам. Сега, 45 дена после породување јас сум ослабната 16 кила и ја имам идеалната тежина од 55 кг што отсекогаш ја посакував.
Супер за тебе. Знам дека е индивидуално, но дали со враќањето на старата килажа и телото е исто или сепак има промени?
Скоро па исто по форма. Стомак уште ми се нема скроз повлечено а тие 5 килограм плус се во бутови ама баш си се допаѓам вака Инаку викаат со доење најубаво се враќало во форма а јас ја имам таа среќа сега за сега да имам млеко.
Да не ве разочарам, ама ако не се внимава на исхраната и во доењето се поправа. На другарка ми синчето е година дена уште цица, првите 2 месеци после пораѓај се поправи 15кг. и уште не може да ги симне. Јас од пораѓај симнав 8 кг уште првата недела, (4 бев во плус) и сеа држам линија .
Јас во 28 бев толку. Исто се движиме ајде ќе шетаме после пораѓај, убаво ќе е времето, ќе пешачиме ништо нема да остани
Хехе ова може звучеше како фалење, а всушност кој си има мака со шеќерот ќе си седи гладен а имам таква стрв за пица пецива тестенини и благоооо