И јас така викам да ми биди таа здрава и жива да помини се како што треба па ќе слабеам потоа... Јас почнав со 56 сега сум 74 никогаш сум ја немала ни едната ни другата тежина секогаш сум била околу 53 имам уште до крај 31+5 сум и 30+ кг да бидам не ме интерессира ќе вежбам ќе спортувам ќе намалам на тежина само бебе да ми е супер
Ајде не се замарај и јас бев 90 пред пораѓај , а ја почнав бремноста со 68 така да не е страшно, а и иста висина сме
Јас со 80кг.се породив,сега сум 68..месец дена сум после пораѓај...со намера сум уште да намалам.. како што бев пред бременост 64
36та недела +28 кг се е во ред така да не се замарам. Така бев и во првата бременост, но откако се породив си ја вратив старата килажа без диети. Никогаш сум немала проблем со килажа, но ете во бременост се поправам многу. Додека е се во ред со бебето, крвната слика, претисокот нема потреба за грижа.
29недела = 4кг плус до сега. Почнав со килограми вишок, и многу сум склона кон дебелеење, ама за сега добри сме
35gn i +20kg Sto ubavo mi bese se nemav mereno od dekemvri site mi vikaa ne si popraena samo stomak imas
Според мојата апликација се движам баш како по книга со килажа, иако мене ми изгледа многу и не сум научена на оваа килажа скроз нормално е. Дури и во интервалот што ми е даден на апликацијата нели според почетна килажа, висина и тд, сум баш на средина на мерките... Е сеа.. Според апликацијата идеална тежина за пораѓај ми е 66, а јас моментално сум 59, значи имам уште 7 кг до крај и цело трето тромесечие  ама ајде ќе видиме, и да надминам не е страшно, со првото ги вратив одма килограмите, верувам и сега ќе биде така
Ооооо па ти си слабичко. Јас сум 72, останав бремена со 66, искрено личам многу помала, не знам ни каде ми се тие +6кг ама телото си знае многу се плашам колку ќе качам до крај, мислам опседнав со тоа
Јас па си личам ептен голема, ама јас реално секогаш сум околу 50,кил две горе доле, пред да останам трудна се поправив ( ваљда од пренаталните зашто планирана бременост па си ги почнав 2,3 месеца порано) останав трудна со 53, значи јас сега сум плус 9 од мојата нормала да речам и некако многу ми е, тромаво се осеќам, баш пишав пред некој ден паднав изгубив рамнотежа... Ама тоа е да сме живи и здрави само и ние и бебуши