Pregnancy се вика апликацијата, на плеј стор ја симнав и се си имаш на неа. Еве ти слика од кривата за мерење тежина, јас како сум се движела до сеа. П. С. Како што можеш да видиш и јас бев во минус, ама влегов у шемата не се секирај и да си под кривата ако е се ок, ова е да речам " школски" како би требало да Иде, нормални се одстапки
Епа и јас до кај 20тата недела бев под розевата, после влегов во "нормала"... Јас како почнав да качувам секое мерење килце ми е страв да не отидам над розевата
26+6 во плус 6.5 кг Се во задникот, градите и стомакот Се надевам нема уште многу да додадам до крај, најмногу уште толку
Ти ептен слабичка си била чим ти дозволила 17кг мене 13 ми дозволи од кои скоро пола биднаа, се мислам ќе прекорачам
Па нормална килажа имав. Бременоста ја почнав со 55кг а до кај ќе стигнеме ќе видиме И ти имаш доста фора да качиш, па и да прекорачиме ќе си дојдеме во форма по породување
Па тука некаде сме, јас со 53 почнав, може си повисока од мене затоа повеќе ти дозволила не се замарам толку со колку кила ќе качам како бројка, повеќе од што се осеќам тешко и тромаво и со овие 59 сега... За симнување не се плашам, со првото на 40 дена бев само со кило две плус од килажа та што останав, не сум склона на дебелеење и цел живот мака мачам да качам некое кило не да симнам... Година дена после пораѓај се напраив како скелет, 46 кг... Предпоставувам од доењето и неправилната исхрана недоволен внес на витамини... После се опраив... Си дојдов на нормала
Ни јас не се замарам затоа си јадам еве провери си на оваа апликација, јас по оваа се водам https://www.calculator.net/pregnancy-weight-gain-calculator.html
Исто значи. Според оваа ми вика од 11 до 15 да качам. Значи мојава дава некоја средина, 13. Исто и со моментална а, вика до сега би требало од 5 до 8, јас имам 6... Така да, супер сме
Бременоста ја завршив во 37+4 со +24 кг. Се надевам и симнувањето ќе оди толку лесно како и качувањето
@mace89 и @Andrejaaaaaa супер сте вие мамички, блазе си ви. 27 недела +9kg а вака на мене само стомакот е, све друго исто ми е и сите шо ме гледаат ми викаат аааа ич не си поправена, супер си. Више не се качувам на вага Ама фала богу барем супер сум и супер се осеќам, имам енергија, крвна слика топ, скриен шеќер јок. Барем здрава сум
Еее па што блазе си ни, и јас мислам 27ма ќе бидам негде плус како тебе... Ама не е важно, убаво пиша, битно е крвната слика топ, да се чувствуваме добро, килограмите како дошле така ќе си отидат