Труднички муабети Јас детево мое го носев и преносев , 9 дена после термин . Огромна бев во стомакот! Имав каЧено 15кила . Проблем немав при порагање , ни па предходно ! ама сепак не е убаво да се претерува со килажа , после тешко се симнуваат ! Јас си се вратив во нормала уште одма ! Сега ке видиме како ке се покажам!
Труднички муабети Килограмите во бременоста влијаат и врз бебето. Доколку накачила повеќе од нормалното, тогаш големи се и шансите бебето да биде тешко, а бебињата што се раѓаат со преголема телесна тежина имаат предиспозиција за дебелеење во текот на нивниот живот.
Труднички муабети зависи за кого како јас и за двете дечина се поправив по 15-16 кг па за 2-3 месеци ги изгубив тие кг без никаков проблем
Труднички муабети Не мора да значи ако имаш качено повеќе кг, ќе влијае врз бебето, јас се поправив 10 кг во текот на бременоста а синот го родив 4,5 кг исто и со првата бременост имав качено 9,5 кг а синот го родив 4,1 кг кој од кога е роден оди повеќе на висина него на тежина така да и тоа не е точно дека бебиња родени со поголема килажа ќе има проблеми со тежината цел живот. Има многу случаеви каде родилката има качено и над 20 кг а да роди бебе од 2-2,5 кг. Стандардот е да се поправиш од 10-12 кг при нормална тежина, 12-16 кг ако тежината била испод нормала и 5-8 кг ако тежината била над нормалата пред бременоста.
Труднички муабети Јас се поправив 20 кила можеби и повеќе не се мерев пред да одам, син ми се роди 2880, а сега после седум месеци јас имам само уште три кила што треба да ги симнам, така да нема некои правила, се си зависи од организмот
Исто и јас со син ми се поправив многу,некој 20тина кг.Син ми се роди 3.250 сега е скоро 4 годинки и не е дебел,има нормална килажа за неговата воздраст и висина.А јас после 6 месеци се вратив на истата килажа. Инаку сега за сега сум поправена 5кг,за разлика од претходната бременост (во овој период се имав поправено околи 8-9кг.)
Јас сум моментално 7ми месец и сум 68кг, а бременоста ја стартував со 54кг малку ме фаќа страв затоа што сите ми викаат дека 8ми и 9ти дополнително ќе накачам килца а најчудно ми е што исто јадам пред да останам бремена а килцата се лепат.
Па бременоста ја запоцнав со 51 кг а сега сум 65 . се чуствувам предебело а има уште цели 2 месеци до терминот се плашам да не претерам со дебелеењето
^Трудничка како ти кажал докторот така е најдобро да правиш. Ако некоја жена е бремена не значи дека по дифолт треба да се прејадува и да бута храна во себе само ради добро познатото мислење Јадеш за двајца. Баш е убаво тоа што готвиш здраво,не јадеш благо и не пиеш газирано.Тоа не е клучно само за здрава бременост туку и за здрав живот. Сите познати нутриционисти налагаат да се избегнуваат газираните сокови,се препорачува готвење на маслиново масло и најбитно од се се препорачува зголемено конзумирање на овошје и зеленчук. Истите правила важат и за бременоста. Тоа што докторот ти го препорачал не е диета туку е здрав начин на исхрана кој што осебено е битен ако имаш здравствени проблеми. Никој не видел аир од пржољаци,месишта,помфрити и различен фаст фуд. Секако сите од време на време сакаме да каснеме такво нешто и тоа е во ред се додека не ни стане секојдневие. Исто и за газираните сокови,наместо да пиеш кока -кола 100 пати подобро за твоето здравје а не за твојата диета е да исцедиш овошје во соковник. Ем сок ем витаминска бомба на телото. Труди се да внесуваш разноличност во исхраната.Повеке свежи и здрави работи отколку пржени јадења,чоколади и други видови слатки.
Од тоа и се плашам најмногу незнам како се поправив толку многу кога газирани сокови ретко пиев благо ретко јадев најмногу овошје и зеленчук јадев природни сокови си правев. Незнам навистина ... Можеби сум мн поправена бидејки бебто е со поголема тежина од нормалата . Лекарот вели многу напредно бебе сме имале па да не е до тоа . Сепак ми рече диета да сум правела да не ми с екачи притисокот . Дури еднаш ми кажа таков збор што сега и сама се чуствувам дебела а во моментот ми идеше да заплачам . Ми рече „Види се бре девојче си станала како цела крофна„ А тогаш бев поправена само 7 кг а сепак дебела сум била ми рече
само што се вратив од контрола и пофторно истото кажано од лекарот. Толку многу ми викаше што дури ке се расплачев многу сум била поправена дури уште сега ми кажа на царски дека ке се породам . Настанало некоја промена бидејки не сум слушала кога ми рече да одмарам . уффффффф
trudnicka под итно да прекинеш да го слушаш тој доктор во врска со килажата. Прво тој очигледно нема професионалност во себе, па сега во моментов ми паѓаат 3 познанички на памет кои се поправиле околу 20кг. во текот на бременоста. И за една сум сигурна дека роди природно,едната имаше закажан царски од друга здравствена причина. А за третата не сум сигурна. Ама како и да е не си ни прва ни последна што толку си се поправила....дај молим те ради тебе и бебето смири се.
Мислам дека докторот не рекол царски заради килажата, тука заради други промени кои настанеле... Инаку мене ми е во ред да се критички настроени докторите, бидејќи иако сме свесни малку е по друго кога доктор ќе не предупреди, пред се тоа е за наше добро, и подобро да ми свика малку одколку воопшто да не го интересирам, сега сум крај на 32 недела и сум +12 кг, матичниот кој ми е нов, и имам отидено само 3 пати до сега кај него, исто ме предупреди малку поостро и ме замоли овде да застанам, иако не знам како Додека претходната матична, колку пати имав отидено кај неа, мислам дека не ни гледаше во мене, значи само гледаше да и поминам на број, сестрата ниту еднаш не ми рече качи се на вага да те измерам. Добро е што ми текна да ги сменам, иако требаше порано тоа да го направам.
Ај и тука да се јавам.Девојки дали е нормално или не е нормално јас забременив со 57кг и сега влегов во 18 недела и пак толку имам.Место за паника има или нема?
Нема потреба да паничиш, ако бебушот правилно си се развива. Мојот доктор знаеш што вика ,до 5 месец грам да не сте ставиле , чувајте се за 8-9 месец
Битно кога одиш на прегледи да е се ок со бебето, да биде соодветно на неделите и сл. Не си ја гледај големината на стомакот ниту килограмите дека се малку. Јас останав со 58кг трудна, а еве сум во 9 месец со 63кг. Инаку бебето си е супер и си тежи моментално околу 2,5 кг., а сабајле ми кажаа дека сум личела во стомакот повеќе за 7 месец отколку за 9. Многу ми е гајле, битно докторката е задоволна како напредува бебуш.
Скарлет тебе те читам и истото го помислив, мене никој на вага не ме стави, дома се мерам, во 4 месец +6кг? нормално е? Сестрата кај матичниот не ја интересира ништо, немам мајчина книшка и се сама барам да ми се направи, од анализи до ехо, препорака за витамини земам од форумов! Можеби за истата амбуланта станува збор.
Ааа па јас за тоа си ја сменив, разликата од сега неможам да ја опишам, ама ај муабетот не е за оваа тема. Само мал совет, за сите како мене што паднале во погрешни раце не се задоволувајте со вакви просечни или потпросечни доктори и сестри. Сега барем има избор.