Тежината смета врз грбот, колената, карлицата. Јас лично имам проблеми со дископатија и ми рече максимум до 12 кг (а јас веќе качив 4/5, а тек сум 15та), затоа што ќе ми создаде дополнителни проблеми со грбот. А веќе осеќам разлика и со овие килограми, многу ме боли грбот, тешко ми е да се исправам, кога одам ме боли најмногу. Не можам да замислам како би било со +15 или +20 кг. Сигурно би била неподвижна.
Ама ти имаш проблеми и пред бременост и тоа е друго. Секој си е различен, многу зависи и од претходната килажа. 12 кг е нормална тежина што може да се накачи во бременост. Во првата бременост накачив 8кг,а во втората 13 и не осеќав некоја голема разлика.
Да, да, 12 е нормална, дефинитивно. Мислев на повеќе од тоа, има жени што кажуваат и по 20/30, а тоа и те како смета на многу нешта на телото. Мора да постои некоја здрава граница кон која ќе целиме да не ја прекорачуваме претерано.
Мислам дека качувањето кг многу зависи и од почетната килажа, јас на пример почнав со 95,па повраќав симнав на 90,па сега сум на крај имам 96кг, сметам дека мене би ми било премногу да качам 15кг,што ги сметаат за нормално качување во текот на 9 месеци... Ниту јадев 8 месеци ко што треба,ама детето убаво се разви. Ако имаш апетит јади си здраво и не се замарај,секако само не треба да викаме дека јадеме за двајца па да претераме За друго не се замарајте, секој е различен.
Мене ме загрижува, и тоа поприлично многу, што откако сум од 15та недела на строго мирување, сега сум 22+4, луѓе, цела сум атрофирана.. немам сила по скали да се симнам кога одам на преглед.... не знам, немам идеја како ќе ми се врати силата... А во однос на килажа, 22г.н, +5 кг...
Мене на ден на пораѓај ме измерија 63 кг, +9кг од почетната. Дома вагата повеќе покажуваше. Прв ден дома по пораѓај, 57кг, после две недели 55кг. А многу повеќе јадам одколку што јадев бремена. Само на доење сме и мислам мечка можам да изедам од што имам апетит.
23+5, +5 kg...ама најново, открив дека периодов сакам наполитанки па ќе видиме како ќе се движи кривата...
Јас во понеделник мерена 79 кила.. Имам мн качено а др ми вика добро изгледам, само физичка активност повеќе.. Кај да се оди на тааа корона си викам.... Ај да сме здрави и живи..
Јас отидов со 93 кг. на пораѓај, 23 кг се здебелив, сега после 20 дена -14кг. сум, и без стомак, така да не се секирајте жени.
Во бременост качив 15 кг. На пораѓај отидов со 75 ,се вратив со 70. На три месеци од пораѓај си ја имав старата килажа т.е 60 кг. сега 7 месеци после пораѓај имам 58.