Нормално е се,ако бебето си расте си се развива нема врска колку кг си качила.Некои качуваат повеќе некои помалку се тоа си е индивидуално.Јас сум 31 и сум +4 кг а бебето е две недела напред така да не се грижи.Има погоре повеќе постови за ова пишано,пребарај на search и ќе се опуштиш
Дај боже да е се во ред. Јас се загрижив зошто сум со близначиња бремена а пишува дека треба да качам 15 кг минимум до крај. Значи тоа би дошло од сега натаму да качувам по килограм неделно. Ама јас не мрдам во тежина и тоа ме загрижи. А бебињата си мрдкаат. Белким се е во ред. Фала ти на одговорот
Немај гајле, верувај нема врска твојата тежина. Еве јас првите месеци 6кг качив, а сега во 7ми кога веќе треба повеќе да качувам на тежина јас стагнирав. Иста тежина сум. А машала стомак го гледам веќе топка станувам
Мене кожа не ме држи. Денес одам на преглед. Што си е сигурно, сигурно си е. Ако ништо друго ќе си ја тргнам мислата
Бев на преглед. Бебињата си се одлични машала, по 1.600 се двете. А докторката ми кажа дека најверојатно се и поголеми зошто компјутерот и кажувал помалку од реалното. Плодова вода супер, срценцата супер, се на се супер се. Ми вели не се секирај има и други случаи да не качуваат тежина. Јади повеќе ми вели. Битно ми падна камен од срце.
Качување килажа не влијае на раст на бебе, исхраната влијае. Мн килограми значи потешко за тебе и додека си бремена и за после.
Дали големината на стомакот значи нешто? Има ли врска големината? Сега ми текна дека вчера кога бев на контрола, матичната на почеток не ми веруваше дека сум 29та недела кога прво ме праша, па проверуваше, као не сум изгледала за толку. Изненадена беше кога виде дека сум 29та. А ме следи од самиот почеток. Или на лева нога беше станата дента или ме знам што е работа
Јас отидов на пораѓај со 8 кг плус, бебко се роди 3780, да не се повторувам досадна сум само уште овој пат, ослабнав не јадев 8 месеци па еве не здрави прави, бебето/бебињата си зема/ат што му/им треба не се секирај толку. @Emotional123 немаше доктор што не ми рече леле колку мал стомак никаква врска нема, 3200 ми рекоа па излезе 3780.
Девојки имам и во друга тема пишувано во врска со килограмите, но ајде да слушнам и ваше мислење. Бремена сум околу 15 недели, од почеток на бременоста па досега ослабена сум 2-3 кг. Не се многу но не знам која е причината, баш сега имам доста голем апетит и си јадам, а сепак секој ден вагата покажува се помалку. Дали тоа укажува на некаков проблем? Ве читам дека бебето си зема се што му е потребно, но сепак послаба не сум била во живот( и пред бременост ослабив неосетно неколку килограми), па малку сум загрижена. Исто така немам воопшто стомаче, не знам кога би требало веќе да почни да се познава? Ви благодарам.
Ако повраќаш нормална појава е, а и да не опушти се и јас слабеев на почетокот па на крај со 17 кила плус отидов на пораѓај.
Немам повраќање, баш напротив имам доста голем апетит, па затоа и се загрижив зошто сепак слабеам. Се надевам нема ништо сериозно и кајдае ќе пркни стомачето.
Апдејт: 1 месец по пораѓај - 66.8 кг. Имам уште многу да намалам, уште 10-11 кг до килажата што ми одговара најмногу според висина. Се надевам дека за брзо ќе добијам зелено светло да правам лесни вежби или да трчам. Кога би можела ова после царски има некој искуство?
Колку си висока што сакаш да дојдеш до 50 и нешто кг? Јас сакам бар до 75 да дојдам ама шанса нема. Јас од болница излегов со 10кг минус, се надевам ќе подослабнам уште,баш слабо јадам овие 2 недели,по една кришка на јадење така колку да се рече дека сум јадела,ама ќе ми се врати апетитот
167 сум висока, секогаш сум имала толку околу 56 кг и сум била скроз таман. Никогаш не сум била поголема од оваа килажа о сега ова ми е шок, неможам да се прифатам. Се поправив 24 кг во оваа бременост. Те гледав тебе на сликите, знам дека имаше килажа ама воопшто не изгледаш за толку, претпоставувам си висока.