Јас сум 175 и цел живот бев околу 65 кг ,значи исто ко твојава математика му доаѓа... Со 88кг излегов од болница, си изгледам некако ослабнато,или па дека ми го нема стомакот па така си мислам Не сум толку висока, ама изгледа дека широка сум па не се познава вака во стомак дебелината. Јас па викам не мора да се вратам на 65,ама да успеам 75 најсреќна ќе бидам. Порано со 65 се криев и се трескав од земја дека сум дебела, ако ми е Тешко е човек ко ќе се здебели, не заради изглед, туку не знаеш да се носиш со кг, ниту број кој носиш,ниту модел што ти стои,тешко е. Ќе се вратиш јас мислам,пошто ти во бременост си ги качила,јас претходно,затоа не се надевам мн дека ќе симнам.
Да тоа е уште еден голем проблем, се што имам не ме бери сега.. плус ми е тешко од тежината, сепак и 10кг плус не се малце да се носат. Се надевам ќе намалиме, јас ете во 3 недели откако си дојдов од болница намалив уште 4 кг, без некои рестрикции, и активност, освен што сум пешачела неколку пати. Се надевам ќе продолжам така, а претпоставувам и доењето помага. Првото кога го доев не само што се вратив на старата килажа скоро веднаш, туку уште 6 кила плус скинав.
Тоа е супер, јас некаде 6ти месец како затерав секоја недела по 600,700гр, викам до крај мечка ќе бидам, не за друго, тешко ми е движењето и имам проблем со кичмата и со овие 7+. Според апликацијата уште сум во нормална зона, не сум испод така да ок е. А плус мене и апетитот ми е намален, не јадам како да нема утре веќе, јадам нормално Уште бебе да си го видам во петок и мирна да ми биде душата
И јас тогаш нагло качив али сега некако стагнирам. Но мислам дека до крај ќе качиме сигурно некое кило плус Но тоа не е важно, се додека бебчињата си напредуваат како што треба и си качуваат килажа ние не би требало да се секираме дека стагнираме со качување кг
24 Недела, +7кг Според мене многу е Во бременоста влегов со нормална тежина и BMI 23,1... според некои пресметки треба да се здебелам од 12 до16 килограми, јас цело време на горна граница сум и се надевам дека сепак нема да бидат повеќе од 16 па ќе видиме
Какво убаво утро си имав денес, се качувам на вага со очекувања дека сум качила уште некои 3-4 кила кого оно исто. Месец дена стагнирам на 10+. Еве сега сум веќе 31+6. Баш пријатно се изненадив. Отидов после у Тинекс по леб и јогурт, и кога гледам крем бананите на Европа на акција. Си купив една кутија и сега ги нападнав, си се частам
Јас со 64 останав бремена со 83 бев на пораѓај. Се породив во 38+0 недела и одма после пораѓај 6кг помалце.Кога искочив од болница бев огромна според мене и наеднаш за една недела уште 13кг симнав се тоа беа отоци т.е. задржана вода во телото.Така да уживај си и храни си се нормално се што сакаш се да јадеш
Јас си јадам секако што ми се јаде , само имам грижа на совест цело време, но и тоа не ме спречува. Ама кога слушам вакви искуства како твоето многу ми олеснува и се надевам дека и кај мене ќе биде така, посебно затоа што терминот ми е на средина од Август...Претпоставувам дека ќе се наполнам со вода од жешкото ❤️
Ајде ме утеши сега. 34та недела, 14 кг плус. Почнав со 68.5, а моментално имам 83 кг. Почнувам да се загрижувам дека до породување ќе станам плакар.
Јас со пола кило повеќе од тебе ја имав почнато бременоста(69кг.) на пораѓај отидов со 90 кг. Сега два ипол месеци после пораѓај сум 76кг. така да не се загрижувј толку бидејќи се симнуваат пополека но се симнуваат
Мачни се последните недели јас и викав на докторката вади го не можам веќе уште малаце и ќе дојде денот ќе си се олесниш. Да напоменам дека јас физички немав некои видливи отоци си бев нај нормална ни зглобови отечени ништо не се секирај ќе се вратиш во нормала за брзо
Ајде и ти ме утеши сега, се мислев до каде ќе терам со тежината. Прво мислев дека ќе застанам на 85 кг, меѓутоа сум се излажала изгледа. А внимаваш сега на исхраната или? На тема отоци - да ми ги видиш стапалата, не ме собира ниту во домашните папучи веќе. Како шепа од мечка ми се. А се надевам дека брзо ќе ги симнам, бидејќи искрено ми тежат - ме боли едниот колк и коленото од тежината.