Па гледам повеќе поздрава храна да јадам бидејќи дојдам ама некогаш знам да изедам и нешто благо и активност секој ден
Јас малку почнав да се загрижува за килограмите, од 22 недела немам ставено ни еден килограм, а веќе сум 29 та. Знам дека нема врска мојата тежина со таа на бебето, ама 1 м го немаме мерено и веќе сум во паники и едвај чекам да дојде понеделник. Пред 10 дена бев кај матичниот, ама со лажните контракции ми мереше само цервикс и провери да не имам фланелинг, постелка и дали е спуштено. Го виде на брзина дека е се ок, ама не го измери. И сега само си паничам. Макар и со првото дете цела бременост се поправив само 9 кг и тоа најмногу во 8 и 9 месец, ама после 6 ти си ставав во континуитет, а и самата бременост ја почнав со некој килограм плус. Сега во 29 та недела тежам 57 кг, а тогаш во 20 та сум имала толку. Знам дека секоја бременост си е различна ама ете само си наоѓам нешто за паничење. Плус првото дете некако многу поактивно му беше во стомак и многу поинтензивно ги чувствував движењата за разлика од ова. И на секоја контрола имаше различна позиција, те беше карлично, те педалично, па со главче на долу и се така на секој 2 недели беше преместено. А ова од старт со галвче на долу и не се поместува и сега и тоа ми е на мисла зошто ова не се врти како првото. Мислев со второто ќе сум по кул, ама само си правам некои споредби помеѓу двете бремености и ич не сум мирна.
38+2 јас сум +15,5кг. Како тргнав втор триместар, мислев до крај +40 ќе бидам, ама се исконтролирав. Освен на стомак и гради, не чувствувам дека на друго место имам ставено, бар по алиштата, сѐ ме собира од пред бременоста (до стомакот, нагоре не). Туку, после породување, по колку време може да се почне со вежбање? Мислам на фитнес.
Зависи како ќе се породиш со природно побрзо со царски после два месеци со лабави вежби па после од 6ти месец во теретана и со тежина. Да не те разочарувам ама еве после пораѓај мали ми се сите патики ми порасна ногата за еден број и не ме собираат.
Дали под лесни вежби се подразбира и пилатес часови кои секако нема да бидат персонализирани само за мене, а породена сум со царски пред 40тина дена? Или рано ми е Денес многу пешачев и болка осетив во резот на десната страна.
Па да се што е без тежина може да се преименува т.е. истегање особено за оние кои немале вежбано во текот на бременоста. Али пешачење моментално можеш али избегнувај стомачни да правиш барем уште месец дена, сепак 7 слоја се сечени нерви,мускул итн треба време да заздрават убаво.Не дека ти не можеш да одиш и да се исфорсираш али повеќе замор и болки ќе осеќаш. Али избегнување на тегови, вежбање строго со телото само.
Па во тие недели и не се става толку. Повеќе кон крајот. А башка и велиш и претходно имаш таква историја на ниско покачување на тежината. И секое бебе е башка, не барај двете бремености да ти бидат исти. Нема простор за паника, релаксирај се.
Од човек што живее на нездрава храна цел живот имав добра тежина. Како тинејџерка само се здебелив, ама го решив тоа брзо. Јадев се што е лошо и не качував повеќе од 2-3 кг и брзо симнував. Во бременоста не знам како се случи да качам повеќе од 20кг. Наеднаш. Веројатно карантинот, повредата на ногата и други фактори кои не ми дозволуваа да се движам нормално си имаа свој удел. По породување се надевав на брзо губење тежина. Но не. Додека не почнав со интензивни тренинзи, апчиња за слабеење и други суплементи никако не можев да ослабнам. Сега 11 месеци по породување ослабната сум 17кг. Но доста тешко и напорно одеше. Имам уште 10кг вишок на себе и не знам колку време ќе ми треба, но ќе се трудам. Моментално стагнирам со килажа веќе 2 месеци, и покрај тренинзи и регулирана исхрана не симнувам килажа. И тоа ме фрустрира и паѓам во искушенија да јадам глупости. Последните два дена јадев тестенини и се мразам самата себеси за тоа. Да напоменам дека во бременоста не јадев количински повеќе, но и не внимавав којзнае колку. Сега многу го променив начинот на живот и сакам да успеам и да се доведам во ред, пред се заради здравјето. Од толку килажа холестерол качив, ми се заканува дијабетес и проблеми со тироидната. Никогаш не мислев дека јас ќе тренирам или ќе сменам исхрана, но ете мораше да ми се случи сето тоа што ми се случи за да се свестам.
Стагнираш од нервоза. Само ради тоа не симнуваш стесот,проблеми со тироида само го забавува процесот на слабеење дури и зголемува килажа. И да не јадеш ич и дда се изгладнуваш нема да постигнеш ништо.Јади разновидна исхрана и да држиш диета мора да имаш "чит деј" за да може телото да работи барем еднаш во неделата. Друга работа тело се менува после пораѓај се шири цело тело не можеш да очекуваш да се вратиш скроз исто.Вежбај за да имаш енергија,а не за да изгледаш добро совладај го ова во твојата глава и ќе ти биде полесно и најбитно од се не се споредувај со други мајки кои ги гледаш што се ептен слаби тука ќе паднеш на психа, а реално нема потреба од такво нешто. Ако вежбаш со тегови ќе качуваш на мускулна маса и ќе стагнираш во килажа што значи не треба да ја гледаш вагата. Ако сакаш видливо да слабееш само крдио 30 минути пред вежбање 30 минути после вежбање. Во бременост имаш качено ради хормоните и тоа што ете си седела повеќе време.
Не стагнирам од нервоза туку таков е процесот. Телото брзо се навикнува на диетата и вежбањето. Затоа има нели чит деј. Со тежини вежбам. Знам дека не треба вагата да ја гледам, но и визуелно гледам нејасни резултати. Ете вчера приметив на облеката како да ми е поширока не знам дали сум послаба или сум ги раширила хеланките, ама ногата како да ми се споила со задникот и не можам да разграничам дали сум намалила сало во задник или ми се здебелила ногата ЕДИТ: Инаку секој ден кога тренирам имам 15-20 мин кардио, па уште 40-50 мин тешки напорни вежби. Еден ден во неделата имам и трчање саат време. Не сум на ригорозна диета воопшто. Сама си одредив што ќе јадам од опциите кои ми се достапни. Избегнувам одредени работи, а се трудам некои да ги внесувам почесто. Се случува да немам месо секој ден, па заменувам оброк со протеин и овес, или правам протеински палачинки. По измислен рецепт од ММ. Не следам диети и не верувам на нутриционисти бидејќи многу блиски другарки така се зафркнаа, да видно ослабнаа но изгубија мускулна маса, слаби се но со лабава кожа. Јас не го сакам тоа затоа тренирам и јадам протеинска храна и користам суплементи. Многу ми се смешни другарките кога се договараме да одиме во теретана и кога им кажувам што ќе вежбаме, аа не они не сакале како машки да имаат мускули, кога и да спомнам мускулна маса они прекинуваат да ме слушаат и викаат не сакале тоа. Ее за такви машки мускули да имаат не се свесни дека треба да вежбаат многу поинакви вежби и многу повеќе суплементи и слични работи, и пак нема да успеат такви мускули, ова го знам бидејќи го гледам секој ден мм што јаде и колку внимава на рутината. А познавам и слаби машки и подебели кои сакаат очајно да бидат билдерчиња и прават се но не успеваат.
Бидејќи вежбаш со тежина нормално е да се шират нозе,раце итн и тоа со што поголема тежина повеќе ќе растат мускулите.Со помала тежина и повеќе повторувања ќе имаш повеќе резултати.Ако веќе сакаш видно да ослабеш не би ти препорачала големи тежини.Чучњеви и исчекор ти се едни од по едноставните вежби за тој дел. За диетата да се навикне телото му треба една година константно да е на една иста исхрана,исто време за јадење.Збориме за мени да имаш од ист редослед година дена, а ти тоа го немаш. Друга работа интезитетот на вежбите мора да го менуваш.Ако едно исто си вежбала цело ова време нормално е да стагнираш визуелно. Имаш супер серии прави ги еднаш неделно "изгори" ги мускулите за подобри резултати.
Изгледа само јас сум 17 г.н. со - 2 кг. Не знам зошто, имам пишувано и претходно но намалив на килажа и еве последниот месец, можеби два стагнира. Тоа малку и ме утеши бидејќи навистина ќе ме фатеше паника ако сеуште одев надолу, но и сега не е многу сјајно. Веќе се осеќам доста слабо, јадам и леб, и тестенини, и благо, и грицки посебно последниве недели бидејќи и сакав да качам некој килограм, ама ете стојам на исто. Сметате дека треба да се обратам кај матична да видам дали има некаков друг проблем?
Според вас во кои недели се качува најмногу на килажа? Нели кај сите е различно ама сепак од вас или ваши блиски
Петти при крај, и шести.... Јас од вкупно 7 кила плус, 5 качив тој период.. во недели би било некаде од 22 до 27... Секоја недела по пола 700 800 гр качував. 7ми не качив ни кило. Сега 8ми и 9ти ќе видиме.
Јас па пишав и погоре, јас сум 16нед и нешто самп 2кг, а сум со вишок од старт ама последнава недела имам страшен апетит, на секои 3-4 часа сум гладна и затоа прашувам