Како јас да сум го пишувала ова пред две години. Исто се чувствував. Цел живот слаба и не можев после породување да се поднесам, но се тешев дека ќе се вратам во форма. Јас ради доењето цела година додека доев бев надуена и потечена и никако не можев да ослабам. Кога прекинав со доење, -10кг симнав. Со диета, вежбање и секојдневна активност (шетање бебе по два саати) ќе си дојдеш во форма. А за тоа време носи маички од маж ти
A зошто има врска доењето со слабеење и физичка активност? Еве јас дојам, пешачам со бебе по 2 часа во ден, плус дома што сум сама преку ден нон стоп со него во движење, пазам на исхрана и јадам поздраво од претходно, пијам мн течности посебно вода, и за сега сум супер скоро ќе вратам стара килажа, јас мислам дека нема врска доењето со слабеење, се зависи од организамот.
Исто како јас да сум пишувала само јас качив 24 кила, сега сум -13 ама 10 кила вишок имам. Досега си одеа кг надолу, сега неккао стагнирам на иста килажа. Цел живот сум била преслаба, не можам да се навикнам на ова што го гледам во огледало, исто како тебе како деформирана сум и како да живеам во туѓо тело. За облеката истото и кај мене. Шетам со бебето колку можам пешачам, сега ќе почнам да трчам добив дозвола од доктор конечно. Кај мене има месец и пол од пораѓај ама ми се брза да се вратам во нормала, неподносливо ми е ова...
Точно, се зависи од организамот, посебно од хормоните индивидуално. Некои слабеат кога дојат, некои се дуваат отекуваат(собираат течности) Јас бев втората. Без разлика што се хранев здраво и пешачев, јас таа година не можев повеќе од кило да симнам.
Јас почнав со 64 кг, се породив со +16 кг. Висока сум 173 па задоволна со почетната тежина. Првпат се Мерев денес после пораѓај имам 67кг, поминаа 4 недели после царски а мешето ми е како 5 месеци трудна, градите машала Почнав мидер од пред некој ден ама мислам џабе е, мора со вежбање да се среди дијастазов, дупка имам на сред стомак. Остаток од телото си е супер, тенки раце и нозе ама меше и гради заоблени
Добро вие со по 4 кг плус при крај на бременост со колку останавте бремени? Јас со пазење 8ми месец +8кг
И мене искрено тоа ми е фасцинантно, цел живот си имам нормална тежина BMI од 22 до 23. Ама јас ми се чини и од воздухот се дебелеам во бременоста моментално сум 26 недела и имам +8,5кг што е половина килограм повеќе од тоа што треба според апликацијата, ама докторката ми вика најважно на бебето да му е добро, па потоа се водам и јас... што е до мене јас пазам, сепак сите сме различни
Јас со 64.5 почнав, денес 68.6 ама цела бременост исклучив шеќер, благо, бело брашно и такви продукти на минимум... Морав за да не ми направи проблем шеќерот кој од старт ми беше малку над дозволеното
Јас со 65 почнав, а си имав вишок некои 4-5, на стомак, колкови.. сега сум 28+6, +5кг... еве денес вечерав, умрев од тахикардии и киселини.. не можам повеќе да јадам...а и тоа што лежам, па не трошам ништо, можеби додатно ме оптеретува...
Јас започнав со 48, моментално имам 57, а тек сум во 22ра. Јадам се' и сешто, и здраво и нездраво, не претерано многу, ама баш се', не си ускратувам ништо. Па после грбот ме боли... па ќе боли!
Абе мајка и ти си во право ама еве јас 9 месеци се исцедив од повраќање,посебно првите месеци како зомби бев , одвај чекам здравје како човек да си јадам и да не повраќам,заборавив како беше тоа чуство..Јадам повраќам киселини и се така во круг...ама за нашите бебушки се ќе се издржи и со плус и со минус кг