На здравје нека ми ти е Браво и јас ги избегнувам истите работи ама од 8ми навака веќе не толку рестриктивно Е за вака кога ќе прочитам ми е жал дај боже ниедна да нема таква мака Кај тебе и 40 да качиш оправдано е лавице
Абе мојот бебуш 21 месец е јас уште сум дебела, значи до мене е. Мислев дека твоја одлука е да јадеш здраво и да не се здебелиш. Гадење и повраќање никому не посакувам.
До 18та недела се држев добро со плус 2.5кг,ама сега за 1 недела ставив 2 кг.Се пуштив со храната,посебно со месено и ете... морам малку да внимавам оти сум склона кон дебелеење ,а и со вишок кг почнав и сега сум како топка буквално,158 висока 68 кг имам веќе почнува да ми смета тежината,а до пола сум стигната
24+, се мерев +8 кг, малку паника ме фати, ќе пробам со рестрикции на благото, инаку секој ден си јадев и плус грицкање секакви нездрави ужинки. Инаку со 60 останав бремена, сега сум 68, има има уште многу до крај
Update: Денес влегувам во 27. Недела со 9кг плус. Се држам јас цела бременост на горна граница според апликацијата само се надевам дека последните месеци ситуацијата нема да излезе од контрола
24, +4кг. До сега нема ништо вишок според мене, шо иде у бебе, шо плодова вода, а највише градите ми тежат.
8+1 ,-7 кг. Немам мачнини ама еднпоставно намален ми е апетитот и желбата за одреден тип на храна (благо, месо , сувомеснато ) плус изостреното сетило за мирис си го прави своето , мислам дека се ми смета .ке видиме како ке тераме
33+5, +9 кила. Минатиот пат пред една недела ме покажа 2 кила повеќе ама сигурно не била убаво наместена вагата, сега кога видов 2 кила помалце ја преместив на 10 места и толку покажа, а не ми се верува дека сум ослабена