35 недела бев 81 кг последната недела не се измерив ама сигурно над 85кг бев .... За 1 месец 72кг имам уште мн мн за намалување ама добро е за сега... Почнав со 56 кг... Па и не сум качила малце 30кг
Мила прва бременост ми е.Девет месеци повраќам.До трети четврти месец јадев само тостови сендвичи теста бел леб пици ама тогаш повраќав по 6-7 пати на ден,јадев повраќав и се така во круг.После се стабилизирав со храната и си почнав здрава храна како на пример тонус,овес,чија,пештета од печурки маслинки,само готвено за ручек со многу салата,различен вид на зеленчук печен варњн динстан и секако кога ме фаќа стрв си јадам и џанк фоод ама во граница на нормала и секако си продолжив со повраќање еве 38 недела 1-2 на ден повраќам таков ми е организмот за бременоста.Благо не јадам многу единствено пијам кока кола ото ми помага со мачнините и повраќањето.После 3 месец си шетам секоја вечер по 2-3 км и вежбав јога до пред една недела 2 пати неделно
Втора бременост, 37 недела +12 кг, со 62 почнав. Не е лошо овојпат. Првата се поправив дури 22кг имам пишувано поназад, почнав со 60, завршив со 82, ама имав многу отоци. Се вратив дома од пораѓај со 74, а по спласнување на отоците бев 70. Ми требаше некое време да се вратам скоро на стара килажа со режим на исхрана без леб. Само што ми остана стомак, телото ми се промени доста, се проширив некако целосно. Планирам после оваа бременост да почнам да вежбам откако ќе се стабилизирам и ќе фатам ритам со 2 мали деца дома.
38ма полна, 15кг+. Толку и со првата накачив, за година дена ги симнав, се надевам сега со 2 деца побрзо ќе се симнат.
Леле изгледа јас најдебела сум... 30 нед +20кг хаха а сите ми викаат нема шанси толку да си качила ама вагата нелаже