Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce, 22 ноември 2009.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    kostadinka24 штом бебето ја има потребната должина и тежина, ич да не се замарш ти ако не си поправена.

    Domakica, би требало матичната да те мери незнам зошто не го прави тоа....небитно. Еве една табела со просечна килажа која се додава. Се на се, докторите сметаат дека просекот е 12/13кг. на крај. Се под тоа е супер ако е и бебето таман, се над тоа е полошо од др.аспекти.

    Недела на бременост и добиени кг до таа недела:
    12 - 1,5 / 2 кг
    16 - 2,5 кг
    20 - 3 кг
    24 - 4,5 кг
    28 - 9 кг
    32 - 11 кг
    36 - 12 кг
    40 - 12 кг
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    во 5 ти месец и поправена сум 5 кг :)
     
  3. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    27ма недела поправена сум 4 кг
     
  4. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Во првата бременост како што пишав во породилни приказни се поправив дури 32 кг,како топка бев,а имав само 54 пред да останам бремена...фала Богу успеав за неполна год. да си ја повратам својата тежина :D ...со второто веќе како поискусна,се поправив 12 кг,а со третово сега во 29 недела имам качено само 4 кг... :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    пиши го тајниот рецепт Keti30 ;)
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    сега за сега добро одиме ...13 недела и -1.5кг :) јас и така сум покрупна па и не треба многу многу да се здебелувам...
    слабеењето ми доаѓа од таму што не јадам благо ( не ми сака душата ) а и не сум по лебот многу..јадам колку ми се јаде и колку ми дозволува бебуш... :inlove:
    во 7 8 и 9 недела повраќав скоро секој ден и тогаш воопшто не јадев , додека сега се стабилизирав :)

    да се надеваме дека нема да качам многу килограми на крај ;)
     
  7. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    ја радо би ви пишала како што со килажата, ама среќа немам вага :devil:
    иначе не сум мнг здебелена само стомакот што си расте :)
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    2месец од бременоста бев 47 кг,ова затоа што две недели нејадев и само повраќAв сева сум 3месец бремена.
    пред да забременам бев околу 55кг.
    се надевам во тек на бременоста Nема да се здрбелам многу :)
    иначе немам вага дома нонстоп ке Sе вагав :D
     
  9. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Snow-Queen мила како ослабев со првото или како малку ставам со третово? :D

    Со првото уште после самиот пораѓај изгубив 10кг,потоа внимавав многу на храната,бидејќи доев,јадев умерено и здраво а и најглавното нешто што успеав да ослабам природно без теретани е мојот сопруг...неговата подршка,внимание и секако најглавното сексот-тој е мојот природен еликсир за здраво и витко тело :D не сум некоја зависничка од тоа,ама со него многу енергија и калории се губат ;) (барем кај мене,сепак зависи од организмот)...сепак и за тоа ми требаше скоро една година,ама сепак успеав...

    Со третово сега немам некој голем апетит(сега у последно време нешто појачан малку)јадам како и претходно доручек обавезно-дали перече,сирењак,геврече,пченкарно обавезно со јогуртче,бидејќи работата ми е во околина на пазар,само некој ми носи некое разноврсно овошје,да не набројувам сега да не и се пријаде нешто на некоја трудничка :lol: значи сезонско а тоа има сега во изобилие,после раб ручек и навечер обавезно пак некое овошје,а претежно сега нема вечер да немам дома лубеница(ја обожавам)ја јадам премногу -не дебелее а е здрава и прочистува(и да не заборавам многу вода пијам,повеќе од 2литри)...и така ја сита и задоволена,бебето исто,напредуваме ок,не ставам многу на тежина само мешето расте...ама не се секирај мила,колку и да качиш,еве јас сум пример,лесно се повраќаат подоцна,ако се сака се се може,само трпение,не се оптеретувај со тоа,само со лесно до крај,после со бебушките е друга приказна ;) :*
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Вчера ме мереа, 23+5 имав 68кг. значи до сега +4/5кг :)
     
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас вчера се мерев и се имам поправено 14кг. во 28 недела :x
    Според табелата што ја видов толку вкупно би требало на крај. ;(
    Иако не се забележува оваа тежина на мане самата помисла ми пречи.
    Искрено јас се опуштив малце повеќе од што сакав.
    Благо и леб, дури и газирано пиев,брза храна, јадев кога ќе ми се пријадеше, иако имав јадено 2ч претходно.Активност минимална, можеби 10% од она претходно што бев.
    А отсекогаш мислев затоа што пазам да јадам здрава храна и да сум активна кога ќе бидам трудна ќе внимавам уште повеќе ама изгледа како некој да ми дозволил да правам што сакам кога дознав дека сум трудна. :headbang:
    Мислам дека и фактот дека се грижев за килажата на малата потсвесно влијаеше на мене. Затоа што сум вегетарјанка се плашев дека не внесувам доволно од она што и е потребно (а знам подобро :fubar: ) ама вчера докторката ми кажа стомокато ми е супер за 28нед. и малата има 1.230 така да не се грижам за тоа веќе.
    И да ви кажам се срамам кога ќе ми текне што се имам јадено затоа што сум трудна. :tmi:
    Затоа од денес си се враќам на ред. Појадок-ужинка-ручек-ужина-вечера
    Се знае во колку саат и колку се јаде и пред се што се јаде. Не ставам брза храна во уста нареднава година (си ветувам сама на себе :lol: ) и пешачење најмалку 1ч на ден (сега е веќе касно да почнам да вежбам ама првите месеци воопшто немав енергија за тоа па ќе надохнадам откако ќе се породам.)
    Се надевам дека ако се поправувам ќе биде тоа само онаа килажа која малата ќе ја качува наредниве месеви па ќе видиме.
    И како утеха а знам дека не треба да ми биде ама некои од моите другарки што беа трудни и по 25+кг качувале па на крај само со диета ги симнаа килограмите
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    При крај на 29 недела +2 кг. Бебето само е 1,500кг. Почнав да слабеам дента кога останав бремена, и продолжив. Крвна слика - топ, ко од планина да сум симната, се си е петка, само фала Му на Господ што не се поправам. Внимавам, морам да признаам, ама и бременоста ми е таква, се ми оди во меше ништо надвор. Ослабев 10, вратив 8. Во најлош случај, на пороѓај ќе одам со скоро истата тежина пред да останам бремена, што не е лошо затоа што сум си од "поситните"! :D :$
     
  13. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    26 недела, 8 кила. За тоа колку внесувам и овие кила се премногу. :@
     
  14. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    во тие 8 кг е и тежината на бебето и плодовата вода.
     
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    23нела а сум се поравила 10 кг :o првен наклавав по 2 кг а за овије последни 4 недели сум се поправила 4 кг
     
  16. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    иста недела иста килажа имаме ставено а докторот ми вика до крај усте 3 до 4 кила појке ни грам а како и јас сама незнам истото јаддење постојано во движење ама изггледа цигарите се во прашање порано пушев пвејке од 10 цигари во ден некогас и до 15 ама сега 1 до 2 на ден и изгледа до тоа е
     
  17. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    и јас пушев 10 до 15 цигари ама ги одкажав само што дознав дека сум бремена :| така и за другите 2 дечина ги одкажав и се поправив по 14-16 кг ама за третово ми се чини како буренце че се направам пошто имам уште 4 месеци и нешто :^) а док ми рече дека сум супер со килцата пошто ја започнав бременоста со 48 кг
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Стартував со 64
    Сега за бела ноќ значи пред 2/3 дена се мерев бев 69кг. во 27ма недела....ама ете ќе видиме баш кај докторката како ќе се покаже килажата во понеделник.
     
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Не се гледаат точно килограмите колку се ставени на плодот и колку на вас. Еве јас стартував со 58 килограми, пред породувањето имав 66 а се вратив од болница со 56,7. Бебчо се роди 3300, а јас имав разлика 10 кила. Значи ете 7 отишле на плацента, плодова вода, крв и сл...
     
  20. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    И јас сум вегетаријанец. Првите 3 месеци качив скоро 10 кила нон стоп ми се јадеше, и се без да бирам. Цел ден само на јадење да се мислело. А не ми се лошеше, не повратив ни еднаш буквално.
    Ама докторкава моја паничар, од памет ме извади. Почнада ми зборува за фалични бремености и да нен наведувам гадни детали ме преплаши. Почнав во 4-ти месец да јадам и месо. По малце пилешко, гледав да е бело сама да си спремам и сл. Сега јадам по нешто и од свинско ако јаде сопругот па му краднувам по малце. Муабетов ми е. Како почнав месо да јадам се стабилизирав. Преку ноќ гладта ми исчезна. И со килажата се нормализирав, те застана качувањето, сега одам со нормално темпо. Ама во првите месеци бидна бељата, ептен се поправив и не знам како ќе се вратам во нормала.
    Сега имам вкупно 15 кила качено скоро 8-ми месец сум. Очекувам уште 3 најмалку и паника ме фаќа.
    Инаку планирам месото пак да го баталам по пораѓање, мислам дека колку за доење ќе успеам да скрпам протеини и без него.