Моја другарка требаше да слабее и после да одржува килажа во бременоста. Само со помош на нутриционист имаше резултати и така се хранеше цела бременост.
31+3 до сега само 8кг качени. Од кога ме ставија на дијабетичарска диета веќе месец дена сум на 80кг, ни помалку ни повеќе
Како успеа, Бубе? Со план за исхрана некој од здравствена причина или само внимавање? Јас сум засега +2 во 13+3 ама овој пат сум многу пострвна од првиот и ме фаќа малку страв. Минатиот пат до 13 недела имав качено само 300 грама ама тогаш не ја знаев цаката и не јадев ништо од што ми се лошеше, а сега знам дека на празен стомак гадењето е најлошо па само пијам јогурт или грицкам нешто.
Јас сум си крупна, големка жена. И сум навистина голем гурман. На тоа јадење пред бременоста некој ќе беше слон. Ама добро се држев/ам. До кај 13та недела си јадев најнормално. Е последниов месец апетитот ми е на нула. Благо со очи не сакам да видам, душава ми го нејќе. Леб,баници, тестенини ...исто не можам да смислам. А сакаш верувај сакаш Не, си јадев по 3 четвртини бурек за доручек и тоа три пати неделно Последниве 2-3 недели СЕКОЈ ден јадам - двопек и козјо км или јогурт. И паштета може да влета овде. -рижото со морски - шопска или цезар салата. Толку. И измеѓу јадам 1-2 кг овошје ( само праски, капини, јаболка и круши). Чат пат некоја смоква. Не знам колку е здраво ова еднолично хрнење,ама нема шанса друго да јадам. Барем сега за сега
Си јадеш морски? Леле шо убаво, мене ме фаќа страв, читав дека школките можат да бидст токсични и ми е многу страв.
Кафанско рижото јадам. По 2 школки има во него, појќе е на ракчиња. Ама јадам по 2 порции 700 ден секој ден ми е ручекот Ќе го банкротирам мм Ама па толку ми е слатко тоа е чудо
Имам забележано тука сите покрупни жени, во бременоста додаваат малце кг. И јас сум една од нив. Исто како тебе до 16г.н. слабеев, после почнав да накачувам кг. До породување се здебелив само 9кг. а јадев се и сешто. Плус повеќе од пола бременост морав да лежам.
Јас сум од крупните. Со првата бременост 7 кг качив, ноооо... Кога се вратив дома со доење и лежење и уживање и шетање уште 10 тина плус. Од тие феномените бев Ми требаше година дена да почнам да слабеам. Кога тргнав на работа, магично симав дојдов многу кг, се стопив. Многу послаба него претходно. Сега 25 недела сум 4, 5 кг плус, ама не ја правам истата грешка нема да јадам по 2 пати ручек и доручек. Јас направи од сабајле грав пример, јади во 1, јади со мм во 4, вечерај. Да не зборам дека сите бајадери и атлантис и мерси од мекици ги изедов кога дојдов од болница, на секое станување за доење си лапав по едно пакетче. И цела тепсија баклава за два дена, сама.. кој како дојдеше на честито со благо, ја чекав да си иде, да го изедам.
Еве сум како пример на муабетот јас, почнав со 90, стигнав до 96, сега сум намалила 95.5 а сум 32 недела и кусур, да напоменам дека од старт не сум опуштена во смисла повеќето бев на одмор, се до 25та недела кога морам да лежам до крај. На ова лежење се чудам како толку малку кг а јадам ненормално имам апетит последниве 2-3недели
Исто и јас. Јадев многу, само јади, лежи и филмови по цел ден. Требаше 20кг плус да имам на тоа јадење. А пред бременоста и од воздух се дебелеев мислам
Исто, се така во круг минатата недела се мерам викам леле сега 100 и кусур ќе покажи, ко тоа сум намалила пола кг мажот ми се чудеше, а и јас Јас викав и водата што ја пијам се лепи за мене чудо е женското тело
Јас сум крупна а пред пораѓај бев плнанина. Качив околу 15 кг може и повеќе. Пред пораѓај троцифрен број имав.
Мами вие сите згодници Јас 29+4 плус 10 кг, а допрва тек што ме чека... Живи здрави да сме само ќе слабеам од после
Не мора да значи,јас до 7ми месец качив 10 кг и 7ми и 8ми ја имав истата килажа цело време, сега крај на 8ми почеток 9ти качив пак за 1 недела 1,5 кг,до крај имам уште 4 недели па ќе видиме како ќе завршам