Блазе вас сите витки и убави . Јас со првото најслаба бев , почнав со 59 килограми , сега по три деца ми е страв да се мерам на вага . Не знам колку се имам поправено од бременост до бременост, бидејќи мојот матичен гинеколог не сакаше да ме оптеретува со бројки , да напоменам , дома вага немам ( не верувам на вагите , свеки купи една и покажува како ќе и текне , некогаш 2+ некогаш 2- килограми ) затоа и побарав од матичниот да следиме тежина ( му спомнав еднаш да ми следи тежина , ми рече млада си , имаш време за топење килограми , единствена грижа сега и приоритет нека ти биде здравјето твое и на бебето , другото е минливо ) и така , веќе не ни побарав да следиме тежина . А сум поправена највеќе во втората бременост, родив ситно бебе а огромна бев , третово најголемо се роди , ги потшиша и брат и , и сестра и првото беше крупничко а јас ситна бев , до 7ми месец не ми се ни познаваше дека сум бремена . Како и да е , се е индивидуално . Мој совет е да не се оптеретувате премногу со килограмите , постои начин за секој од нас да ги симне успешно килограмите ( некој со диета , некој со пешачење итн . ) . Бебушите се најважни , здравјето наше и нивно додека ни се во меше ( и потоа секако ) , другото е минливо . Телото секако се менува после бременост , дури и да не качите килограми ( сестра ми е витка , никогаш немала проблем со тежината , таква и остана и по породувањето , но сепак има малку стомаче во долниот дел , тоа е од бременоста , не дека е поправена , дури и ослабена е , внучко е малку немирен па не ја остава да јаде како човек ) .
Јас и ти иста недела ама јас сум +1кг а немам мачнини освен киселини и јадам си и тоа убаво само да сме живи и здрави
Јас во бременоста се поправив 14,5 кг. Од болница излегов со само -4кг сега после 1,5 месеци имам 3 кг вишок од бременоста
16+3, +2кг од некаде околу 8ма недела кога се мерев прв пат знаејќи дека сум бремена, бидејќи матичната не ме мери
Дали некој ослабна првите недели? 5 та недела сум не повраќам ама имам мачнини и така бев слаба, 2 кг во минус сум , страв ме фака дури Не знам колку е нормално ама ако сум цела бременост вака тешко мене Со првата бременост што убаво си јадев..
И јас ослабнав прво тромесечје, второ качив нагло кога ми прекинаа мачнините и повраќањето зашо буквално ништо не можев да јадам 4 месеци
Абе не мора да значи, не се секирај. Еве ти кажа не повраќаш, а јас само заради тоа дури и се нервирав кога јадев зашо нишо не ми беше убаво, и скоро секој ден по 2 пати си повраќав. Се ми сметаше. После тоа си надокнадив. Сеа пак варирам во тежина, помалку повеќе ама не е страшно. Со лесно
34 недела и сите се поправаат а јас сум - 3кг од последниот пат а инаку од 3 месец до минатиот месец само 4кг бев поправена...