Јас почнав со 84, првите 2 месеци дојдов на 82 и сега сум 22+5 и имам 89кг. Искрено некако сум загрижена. Уште сум второ тромесечие а мислам дека уште баеѓи ќе се поправам во трето
Не се секирај јас почнав со 60 а сега сум 74 а сум 25недела само здрави и живи да се бебушите килограмите ќе ги намалиме ❤
Јас сум 14+5, воопшто се немам поправено. Или допрва следи тоа? а си јадам скроз нормално, се исто како претходно.
Devojcinja, mnogu li e 4 kg za 17ta nedela ? Zabremeniv so 47 sega imam 51.. strav mi e da ne nemozam da gi simnam pokasno epten se iznamaciv prethodno da oslabam ..
Секој месец по 2кг качувам почнав со 66кг а сега сум 31 недела 70 кг тамн до крај уште 2 како и да е само да сме живи и здрави
Добровечер девојки не знам дали на прашањево мое му е местото тука но сакам да прашам имам еден проблем доколку некоја женичка го имала истиот проблем ве молам помогнетеми се работи за тоа што по недели сум 30 недела бремена а на ехо се водам како 27 недели тежина на бебушо е 1067 грама денеска матичната докторка ми кажа дека каснело 3 недели од неделите по бременост, примав клексан 14 дена пошто ми беа покачени Д д мерите исто така доктократа се сумја дека не се храни бебчето како што треба преку папочната врска па почна да ми кажува дека можеби ќе треба пред времено да се породам инаку со бебенцето се си е добро органите му се добри се си е во ред моментално се водам 27 недела по ехо а 30 недела по недели на бременост. Само да напоменам дека имам не редовна менструација ве молам помогнете ми со мислење доколку на некоја женичка и се има случено нешто вакво ви благодарам и имајте убава вечер
Да брисеви правев пап тестови посебно бевме за срцето да му го слушнат се беше во ред , инаку бебчето беше цело време помало проблемо е во тоа што беше помало за 2 недели сега денес ми кажа за 3 недели дека е разликата и ми спомна нешто да не има проблем и со папочната врвца што не расти не напредува. Инаку е мн немирно само мрда и нон стоп го чуствувам
Ако од старт ти е помало за 2недели тоа е поради нередовната менструација и требало докторката да ти го корегира терминот, така 1 недела ќе касни. Протоците во ред ли се, другите резултати од трансфузиологија исто така? Моето уште од старт каснеше со 1 недела ама исто и јас имав нередовна менструација. Имав и намален проток на крв во матката и пиев аспирин. Кога престанав да го пијам,бебето почна многу повеќе да назадува, дури 4 недели. Се породив 2 дена пред термин според менструација, а педијатрите ја сметаа за недоносена. Освен што немаше рефлекс на цицање, немавме други проблеми.
И дали за 27 недела е во ред 1067 дд мерите последно ми беа покачени 1970 примав клексан 14 дена и од вчера ми даде да пијам аспирин инаку да имам нередовен циклус денес го испив првиот аспирин и утре сум пак на трансфузиологија за да видиме дали се покачени дд мерите пак и ми рече да примам клексан до крајо на бременоста: Сакам да те прашам дали можи не дај боже да се направат компикаци од каснењето на недели или со аспирин и клексан би се средила работата ти благодарам многу на мислењето од срце
Јас примав клексани и секој втор ден аспирин и димерите ми беа на секое мерење исти. Ми сменија терапија, фраксипарин сега примам и чекам да видам во петок резултати како ќе биде. Секоја жена е различна. Од клексаните немав ни подобрување ни одеше на лошо ама тромбоцитите ми се намалија и затоа ми сменија терапија... Иначе, да клексани или фраксипарин влијае на растот на плодот позитивно. Мене ми каснеше една недела со развојот, последно на контрола ми каснеше само 1 ден