Тука сум мама само ретко пишувам големата дада супер е а мама е позитивна на ковид па гледам повеќе да одмарам. Полот ми рекоа дека може е машко ама не е сигурно ќе видиме на нареден преглед вие како сте како се дадите?
Леле бе мами кај ве најде сега Ковидот.Ајде со лесно да го поминеш и да бидеш брзу фит. Ајде наредниот пат ќе кажат што е. Моите се добри.Бебето само писка и ровари по мебелот, па дада оди по неа да не падне Бидете добри мами и пишувај како сте.Среќни празници.
Јас па уште втор месец качив 4 кила(бев 60-61 стигнав до 65). Кренав паника, но мачнина немав само ако јадам. Сега трет месец сум, мачнини немам но многу повраќам, па намалив кило две. Ќе се трудам барем до 5ти месец да не се повеќе од 4 кила после што даде Господ. Сите сме различни, јас уште втор месец задржував вода, градиве одма ми пораснаа морав да купувам нови градници.
Озбилно? А склона си на дебелеење или сега вака од бременоста? Јас и секогаш многу малку јадам а сега па овој месец и нешто воопшто немам апетит и воопшто не јадам и ослабев 3 кила.
30+2 +2кг, повеќе оди кај бебчето. Што помалку кг качувате полесно породување ќе имате така ме советуваа лекарите.
Склона сум кон дебелеење но цел живот пазам и никогаш не сум била повеќе од 63кг. Сега може и дека помалку се движам па качив, но од повраќањето полека се враќам на нормала, сега сум +2 кг, а 12 недела.
Пред бременоста бев околу 62 - 63 кг сега сум 65 кила, а 13+4 сум. А тек натаму колку ќе качам којзнае а одсекогаш сум била слаба и сега сум, мешето малку ми се познава. Си јадам се како порано што јадев.
Само 2кг? Внимаваш на исхрана или? Еве јас уште малку 30та недела и сум +7,2. Ама мислам се оди во стомак