Лелееее.. а јас до сега сум поправена само 2-2,5 кг. Не знам дали допрва треба да се здебелувам или до сега требаше да ставам неколку килца плус? Јадам нормално, толку колку што ми се јаде и секогаш кога ќе ми се пријаде. Рацете и нозете ми се исти, само малку мешето ми се познава.
http://www.femina.mk/out/?id=e85fce...pot.com.au/weightgain/pregnancyweightgain.asp Еве провери си. Јас во шток сум, вчера сватив дека сум се поправила 17кг. Месо нема шанси да јадам. Имам два гинеколога и ги прашав од стар, а и понатаму кога видов дека крвта ми е слаба, дали треба да јадам месо. Ако ми речеа дека морам најверјатно ќе јадев.Ама и двете ми рекоа нема потреба. Едната ми кажуваше примери од пацинетки, ми кажа дека веќе 15г. има детето на првата вегетарјанка што ја водела, живо здраво нормално, и дека ниту една не родила дете помало од 2,5кг. А сега и да ми речат да јадам месо нема затоа што знам дека не морам. Истражував, читав, зборував со др жени кои поминле исто, и дојдов до заклучок дека нема потреба. А за апетит, па да ти кажам, имам Знам дека се поправив толку затоа што јадам повеќе, а физичката активност ми е минимална,посебно во споредба со тоа пред да останам бремена. Ама откако ќе се породам (после соодветен период,се разбира) УН диета и трчање за почеток па понатаму и пилатес и аеробик и зумба па може дури и Инсенити вежбите ќе ги пробам
Некој совет да споделите како да ја задржам килажава? Некој режим на исхрана? Веќе сум 26та недела а 10 кг + растам само во стомакот ама ако продолжи зголемувањево ќе почнам да се ширам цела во следните месеци што ми преостануваат и меѓудругото за неделите во кои што се наоѓам бебево е поголемко од што треба
Внимаваш ли што јадеш? често се случува ние трудниците да се опуштиме со јадењето (вклучувајки ме и мене )затоа што сме трудни иако сме свесни дека не јадеме за двајца,ни одговара да го заборавиме. Сигорно си знаеш, повеќе зеленчук и овошје(по 5проции на ден),вода и чаеви, природни сокови (газирано не освен ако притисокот не ти е низок),млеко и млечни призводи,мевце не мрсно. И движи се, не знам како ти е со бременоста ама ако можеш пешачи барем пола саат-саат на ден. Јас се опуштам ама претежно внимавам,посебно во последно време ама пак се поправив 17кг. А и физичка активност ми е од 4 пати неделно вежбање симната на саат време пешање па види ти од каде килажа Понекогаш и нема врска со тоа колку јадеш, едноставно некои жени се поправаат повеќе, некои помалце. Не е изговор да престанеме да се грижиме за себе,посебно не сега. Ама од разговори со другарки можам да ти кажам има и такви што јаделе многу а не се поправиле кој знае што,а и тие што внимавале што јадат, се придржувале до одредена диета (не за слабњеење туку начин на исхрана за трудници) и пак се поправиле по 16+кг.
Значи ко ќе видиш пак има удел и тоа каков организам имаш...се трудам да пешачам да не залежвам дома ама ме спречва тоа што тешко ми е дишењето, затоа шо носам големо бебе ме притиска многу и брзо се заморвам, со јадењето после 3 месец ми се врати апетитот, месо не јадам воопшто, леб исто ретко ќе да е до благото и газираното ама на крај краева колку и да пазам на јадењето, докторката ми рече наводно пошто јас сум се родила како големо бебе затоа и моево толку било напредно па да очекувам или да се роди порано од терминот или да се роди со килажа како мојата (скоро 4кг )
ЛЕЕЛЕЛЕЕ ами ако моево биде колку мене? Најголемо бебе во болница сум била. 4.5кг. и нозете ми виселе од количка кога ме носеле. Ајде мајка ми ме теши ослабела дури повеќе од што требало за рок од еден месец, а не ни доела па ќе видиме.
Со првоте за време цела бременост качив 19 , со второто 14 а со третове сега за сега добро е ,18 недела +4 кг.
Нема врска зголемувањето на килограмите за време на бременоста со големината на бебето. Има жени што се поправаат и со плус 30 кг а бебето е со родилна килажа од 2 кг, јас се поправив 9.5 кг а синот го родив 4.6 кг, се отиде во малиот а ништо во мене, не значи ако бебето е поголемо мора и твојата килажа да е голема. А и тоа со предвремено породување пак воопшто нема врска, мене двата сина ми се со над 4 кила родилна тежина а и двајцата се родени после терминот, првиот 8 дена, вториот 5 дена.
И јас не верувам дека ако се поправиш повеќе бебето ќе се роди големо. Ама мислам дека некои жени имаат поголеми предиспозиции да се поправат повеќе или да изгледаат покрупни за време на бременоста врз основа на структурата на телото. Може и не сум во право, не знам, ова е нешто што мене лично ми текнало Јас се поправив многу повеќе од што сакав и отчекував. Ама воопшто не ме плаши тоа за после пораѓај. Ми пречи сега, ужасно напорно ми е. А откако ќе се роди бебето...си знам јас што и како треба. За 1год максимум ќе се вратам на старата тежина ако не и помлаце, и дефеинитивно ќе бидам позатедната, освен можеби во стомакот, тоа не можам да го предвидам затоа што вреска немам како ќе ми биде после пораѓај. И ако мене ми пречи оваа тежина мм ужива. Не само градите што ми се огромни туку се. Среќен е што сум ко буренце, претходно сум му била убава ама убаво било што имам малце мевце на мене
Звучи утешително...мене ми е страв тоа што растам само во стомакот, огромен ми е за неделите во кои шо се наоѓам, во друго не сум здебелена засега, како што кажуваш bittersweet валјда се оди во бебето...а дали истото тоа (храната) е причина за тоа што бебето во развојот е понапред за 2 недели... не знам, не е грешка во датумот пошто знам кога е зачнато , шеќер немам, освен како што читам во некои случаи вишок плодова вода, тоа наводно кревало на килажа...
ууух јас почнав многу да јадам е сега почнав со 50кг потоа се ослабнав 3кг ,на 12 недели бременост бев 47 кила а на 18 недели бев 51 е сега на 21 недела ке видиме колку сум,ама јадам многу мислите дека треба да се грижам малце за килажава или не е многу бидејки несакам да идам до 9 месеци повеке од 60 кила