Почнав со 76, бев во 3ти месец 80кг. а сега во 8ми сум 85кг. Сметајќи според табелава и не стојам така лошо...
Јас последниов месец и пол-два се имам поправено само кило, може не и толку. Бебето е порасноато а јас сум си иста значи од почеток на бременост до сега +18кг
те сваќам потполно , сабајлево баш ,,свиткав,, крофна,ама баш од тие работи се дебелееме, повеќе се дуеш неголи што се дебелиш. Ама некоаш душичката ти сака
И јас откако сум трудна јадам многу леб и пецива и такви работи. Денес бурек за појадок Ајде, подршка една на друга ќе си бидеме. Веќе нема кифли, бурек, лиснато и многу леб. Можеме жени, можеме. Сигурно можеме, чим можеме да избуткаме 3кг мевце меѓу нозе можеме и да не јадеме тесто наредниве месец-два
До 7ми месец имав +20кг. еве цел 8ми и 9ти немам грам качено Инаку забременив со 54кг а моментално сум 74кг.
Јас си продолжив со истото, еве ме 36 недела абер немам од поправање, пу пу пу да не чуе ѓавол нека си тера вака! Од почетокот на бременоста изгубив да заокружиме на 8 кг, вратив 2. Така да од прв ден бременост, јас сум -6.
Утрово се мерив и очекував повеќе килограми! 17 недела сум и на себе имам ставено +4 килограми! Апетитот ми е нормален, јадам 2 до 3 пати дневно, ама се грижам дека јадам повеќе калорична храна (сендвичи, пици ) а тоа може да ме зафркне ! Не ми се верува дека со таква исхрана ќе издржам да качувам само килограм на месец (како до сега), очекувам дека во наредните недели од бременоста ќе ставам на себе повеќе килограми