И јас сум на протеинска исхрана,плус избегнувам брашно,квасец,шеќер.Повеќе протеини,житарки,овошје и зеленчук.Матичната све го мери бебето помало недела две а во Систина Димчев вика дека се во ред мерките дека не заостанува во раст.Кај него бев на почеток на 32 недела ми кажа дека одговара на таа недела го измери 1900 после 10 дена кај матичната ми вика заостанува скоро 2 недели пак го измери 1930 г.
Да и мене ми е исхраната тоа. Незнам да ти кажам кај мене па напротив понапредна е за 8 дена и баш се зачудив јас слабеам а тоа расте дека еднаш неделно ми се поклопи да ме гледат на ехо. Ако ти е од почеток така со мерките не би требало да е проблем плус нели две недели назад или напред се толерира, затоа Димчев не изреагирал ваљда. @macalavica
Мислам дека покачувањето на тежината во бременост зависи од body mass index пред да останеш бремена. Доколку пред бременост си имала нормална тежина, покачувањето од 6кг за 26та недела е во рамки на идеално зголемување на тежина за таа недела во бременост.
Сега гледам во 25та сум била +9кг од стартната, а цело време ме водат со поправање во нормални граници. Не е многу
13+6 досега некои 2 кг плус. Бидејќи општо сум покрупна, некако очекував дека ќе имам повеќе дури и се мислам да не се премалку ама додека бебето си напредува колку што треба да надевам во ред е.
можно е ама не многу...од тие 20, 5 нека се задржана вода. Друго е бебе, плодова вода, плацента, и дел тежина накачена
Женскии кажувајте некоја диета/режим на исхрана за намалување на килограмите 15кг имам вишок неможам веќе да се поднесам а од друга страна се борам со лактација млеко слабо иди…