Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce, 22 ноември 2009.

  1. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Со било кој режим ќе намалиш на тежина ако внесуваш помалку од тоа што трошиш. Јас те советувам да ангажираш стручно лице, диетите од интернет имаат често многу голем калористки дефицит, што го доведува телото во шок, па потоа многу брзо се враќаат назат. Што се однесува до лактацијата, можно е да не внесуваш доволно течности. Значи многу многу ВОДА, не беспотребни калории од сокови.
     
    На Снегулк@23 и pineapple93 им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    11.080
    Пол:
    Женски
    Здравоо.
    Како сте со малото? :$
    Сакам да те прашам кои симптоми ги имаше за гестациски дијабетес?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.824
    Супер мила, еве висиме на цице по цел ден. :D
    Немав никакви симптоми, ради тоа е и задолжителен. Јас дека со генетска предиспозиција од двете страни па уште во 24та недела го направив зашто си очекував.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    11.080
    Пол:
    Женски
    Да си цицате :D така ќе биде уште некој период, дур се воспостави лактација, после ќе има некаков ред. :D

    Јас сум 15та недела. И некако стомаков брзо ми се зголеми последниве недели. До12та недела немав апетит многу и бев иста тежина 43 44 со некој грам. Сега за три недели се мерам сум 46, 3.
    Сега си мислам да не случајно имам гестациски, па затоа се зголеми килажава. Ама па и почнав да јадам со апетит.
    Додуша јас отсекогаш сум таква. Ако јадам со апетит, ставам кила, ако не не можам. Имам брз метаболизам.
    Е сега имам чувство на глад дури и откако ќе јадам. Имаше ти така?
    Од почеток на бременоста имам такво чувство, а глукозата беше ок.
    Можда ќе треба протеини да зголемам.
    Ќе те замолам да ми пишеш како се хранеше, кои намирници, купечки или спремаше?
    Зашто во сѐ што е купено, ете и хумус има јаглехидрати.

    А јас инаку не сум некој јадач еве и периодов. Во смисла на лоша исхрана.
    Благо само еднаш во денот, некогаш и ниеднаш. Газирано не пијам, месо умерено, бел леб јадам.
    Значи кога ќе можеш за исхраната вака општо нафрли и дали стомакот ти беше поголем ради шеќерот? :*
     
  5. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.824
    @elenaklasik мила тоа за чувство на глад може да е ради гестациски, но и не мора. Најверојатно малку протеини внесуваш, зголеми во оброци. Дијабетот тера на пиење вода, жедта е изразена.
    Во дневно мени на трудници ќе најдеш како вообичаено се хранев, малку еднолични ми беа оброците. Претежно дома спремани, посебно хумусот. Ќе си купиш наут и самаќе си правиш.
    Иначе во поглед на тежината не можам да ти одговорам, зашто на пораѓај заминав со помала килажа од стартната.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    28 недела +6 кг
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tatjanasakalieva

    tatjanasakalieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    832
    30та недела, +4 , едвај :^), само нека биде нормално детето ахахах та од моето поправање се виде.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ohlala

    ohlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    247
    6 месец, +5,5 кг
     
  9. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    4 месец уште не сум качила ни кило, не знам дали е нормално ваљда се оди кај бебето зошто мешето си расте.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    34 недела 12,5кг ^_^
     
  11. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.824
    Јас на пораѓај заминав со нешто над 1кг помала тежина од онаа што ја имав кога забременив. Се дури бебе си расне од преглед на преглед, си зема се' потребно. Ако си имаш вишок кг, нема да накачиш многу.
     
    На Bebence29 и pilence23 им се допаѓа ова.
  12. Mika.goka

    Mika.goka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    25 недела и 2 дена.. 1 кг +
     
  13. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    29та недела +7кг
     
  14. Cececece

    Cececece Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2022
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    25недела +10кг
     
  15. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    5ти месец сум моментално и качив 6 кила.
    Претходно активно вежбав и пазев на исхрана, сега во бременоста се ми се јаде, имам food cravings, и си качив. Многу ли е за 5ти месец? 76 кила сум, и не планирам уште многу нагоре да одам...
     
  16. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Јас пред да забременам вежбав 6 пати неделно, на исхрана пазев максимално, Качив 25кг во бременоста оти од се што јадев предходно ми се гадеше и си јадев фаст фуд, лебови,чипси,нутела во 3 саат сабаје. 6м. после бременост ја имам килажата со која забременив 57кг. На пораѓај отидов со 83. Така да уживај и јади. :l:
     
    На Perla* и najjacha им се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    И јас сум 5ти месец и имам качено 7 кг:worried:. Искрено не ни јадам многу, особено втора половина од денот зошто многу ми стежнува. Во првата бременост исто на почеток качував повеќе, за среќа на крај успори темпото па со +13 отидов на пораѓај. Баш сега барав да видам како сум се движела со кг тогаш и тогаш сум имала +6 во оваа недела. Во 7 м сум влегла со +12:worried:, па на пораѓај (36+5) сум отишла со +13.
    Не е идеално, ама не е ни претерано. Следи како ќе се движиш понатаму.
     
    На Perla* и najjacha им се допаѓа ова.
  18. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    2.181
    30 та недела +10кг
     
    На Perla* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Почнав со 65 килограми, често повраќам и ми се гади од се првиве недели и веќе сум 63 :(. Се надевам дека понатака ќе ми биде подобро, се плашам дека не внесувам доволно хранливи материи за бебче, од се ми се гади, немам апетит.
     
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    11.080
    Пол:
    Женски
    А што мислите, кај мене првата бременост ми заврши вонматерично, во десен јајцевод, потоа износив втора бременост и сега сум третпат бремена, со Господ напред.
    Секако за телото си ја сметам како трета бременост, и докторот така, ама првата која заврши вон се смета како промена за организмот? Не знам како да се искажам. Во смисла иако не растеше во матка, дали пример за такви мутации промени ќе забележев пример во втората бременост? Или за такви нешта втората ми се смета како за прва?
    Дека втората бременост добро поминав, а сега со димериве ме јаде црвот дали сега би било сѐ бо ред.
    @Ano што мислиш? Измешав со ова втора прва трета ајдее ко брзини :D