Денес првпат се мерев после пораѓај (11дена)- се што е ставено го нема -12кг сум, сега сум на почетна како што останав бремена. Сепак доста имало и во отоците. Што ќе му правам на вишокот кожа, на стомакот?
Ќе се повлече кожата уште малце рано е, мидер, а за летно време купачи со висок струк крај краева никој не е совршен сепак имаш две срциња дома што си ги чувала во стомак
И 33та недела со плус 9кг Последните 4 недели немав ич ставено, некој грам веројатно бидејки сега сум наеднаш плус 1кг. Уште 5 недели до крај
Се мерам денес плус 1кг, вкупно 10 досега, 34та недела, а оваа недела јадам колку да работи желудникот, ич немам апетит, ама отоци имам на нозеве повеќе, веќе и ме болат на рацете исто, дури и во лицево сум отечена
Devojki zdravo, bremenosta ja pocnav so 80 kg pa maticnata mi rece do kaj 90 bi bilo idealno. Jas imam zgolemen apetit i mi se cini deka mn jadam blago bel leb ne bas sekoj den ama da imam preterano a sum 10+5. Se gleda deka sum zdebelena mi e strav da se izmeram. Kako se spravuvate vie so apetitot? Gledam mn malku kg imate dobieno a mojot stomak ko za 4 mesec mi se cini deka e. Nekoj sovet?
Ќе си пиеш повеќе вода и ќе си најдеш некоја занимација. Ти можеш и цел ден да јадеш но доколку јадеш по малку и нормална храна тогаш нема да се здебелиш многу.
Сега барем има овошје и зеленчук колку сакаш. Секоја потреба за благо заменувај ја со диња, лубеница, праска било што.. со лесно
Toa e problemot sto imam apetit za nezdrava hrana testo, blago, leb. Ke se potrudam da ne drzam doma takvi raboti.
Дали ви се појави многу целулит? јас уште малку влегувам во 5ти месец, се трудам да се хранам поздраво и пијам мноогу вода, поправена сум околу 4кг. но и многу целулит ми се појави...
Нозете ми се партал полни целулит и тоа со 2кг+ 15та недела ама реално на мирување сум цело време јас...може и тоа влијае А не знам дали смее некои креми за целулит или едноставно ќе почекаме после породување да се средиме
Целулит ич, но стрии многу во вторава бременост, само на стомак. И сега после пораѓај се познаваат и стомакот ми е како збрчкан. Со првото ништо немав
Чувството на стомакот ми е чудно, збрчкано бе, како на баба. Чекам да почнам да вежбам. Минус 13кг сум моментално, и ок е тоа, настрана од тоа дека деца сум носела, си го сакам тој факт но нејќум да сум збрчкана на 30+