Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce, 22 ноември 2009.

  1. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Не знам што е чудно во одговорот прва работа. Втора работа не те напаѓам, ти кажав мое најдобронамерно мислење. Трета работа не знам каде во мојот коментар спомнав слабеење. Коментарот воопшто не ми беше за слабеење, одржување линија или слично туку за здравје во бременост за бебето и трудницата. Симнување килограми после бременост се твоја лична работа, ако сакаш држи режим ако не чувај си ги килограмите кои ти останале па и зголеми си ги, ама во бременост мислам дека сите прават се за да ја истераат бременоста до крај без проблеми колку што е возможно и да родат здраво дете, а ти веќе имаш спомнато и дека имаш крварење, сега викаш и спонтан си имала и потешкотии да останеш бремена. Па побогу сакаш поради тоа што сега си бремена да се частиш секој ден со парче торта само затоа што тебе ти се јаде? На бебето не му се јаде торта сигурно.
    И пак ќе кажам, не реков да не си каснеш нешто што ќе ти се пријаде некогаш, туку ти викаш декаа цело време си гладна и ниту еднаш не кажа дека јадеш нешто здраво туку дека "ќе се обидеш" да немаш дома глупости односно храна што не чини што значи дека секогаш имаш дома што да грицнеш и каснеш.
    Самата имаш пишано дека со 80кг ја почнуваш бременоста, ти препорачале до 90 да завршиш, а ти викаш дека во 10та недела изгледаш како во 4ти месец. Извини ама и од претходни коментари воопшто не изгледаше дека невино каснуваш СО МЕРКА по еднаш во месецот пица или сендвич.
    Уживај во животот и бременостс како душа ти сака, нели така мислиш ама затоа не се чуди како другите качуваат по 10кг, а ти веќе си спремна за повеќе да качиш.
    И да како и секогаш кога нема да се добие одговор кој што се посакува на форумов, сите се чувствуваат нападнати и поврени.
     
    На PinkGirl*, Anyshka и IRBBB им се допаѓа ова.
  2. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Ti pogresno si sfatila iskreno a i ocigledno koga ne ja poznavas licnosta sekogas treba da kazuvas tvoeto telo kako reagira ili sto ti e tebe dobro sto ne ti e. Prvin jas odsekogas imam baven metabolizam a 80 kg ne se bas mn bidejki sum visoka. Vtoro jas cel zivot sum jadela i nikogas ne sum bila pokrupna od 80. Treto jas ne ja sfakam bremenosta kako sekoj den salati i ovosje tuku da si jadime toa sto ni se jadi. Primer jas meso ne jadam 15 god voopsto ni vareno ni peceno pa ne jadam ni sega tuku se trudam preku dr nesto da vnesam se so e potrebno. Covek koga ke reci deka celo vreme e gladen ne znaci deka jadi cel leb i 1 torta dnevno a posledno smetam deka sekoj organizam e razlicen i sekoja razlicno kacuva kg. I sekako spontaniot i krvarenjeto ne mi rekoja deka se povrzani so jadenjeto. Sekoe dobro.
     
  3. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Вчера се мерев, 19та недела сум а плус 6 кг.. мислам дека е премногу.. а не јадам многу, дури се трудам се да биде поздраво.. не знам од што толку :|
     
  4. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.520
    28г.н. +4кг
     
    На Lavica2602, n0Limits, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Леле јас сабајле мерам скоро 17та недела 4+ се дамлосав.. реално не јадам премногу количински ама не сум на овошје и зеленчук нешто многу..гледам што ми е најбрзо да каснам стварно се надевам дека некако до крај ќе избалансирам за да не отидам повеќе од +6 плус од овие..а со храната мака од се ми е гадно и гледам само нешто суво да ме држи сита.
    Ти какви оброци комбинираш? Мене чорби не ме држат ни 1ч..
     
    Последна измена: 2 август 2023
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Зависи со колку си ја почнала бременоста дали било со похолема или помала тежина. Ако си со помала тежина тогаш океј е да качиш повеќе сепак летно време имаш отоци повеќе.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Комбинирам повеќе салати и овошје, благо и леб избегавам, за ручек по некоја манџичка, јајца доста јадам, хумус, галети... и пак плус 6 кг :sweat: тии?
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Ја почнав со околу 63 кг. ако добро се сеќавам, а веќе сум на 69, 19та недела :(
     
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Јас до пред 1 недела повраќав буквално се..па исхраната ми беше колку да преживувам работи без вкус, леб со сирење кашкавал, јогурт....еве денес пробав малце да ги средам оброциве, утрово јадев овесни снегулки, 1 краставичка со парче сирење за ужина па на партии изедов 2 тањири спанаќ без леб со кисело млеко...и зачудувачки добро се осеќам се надевам ќе можам да терам вака со оглед на тоа што не смеам многу да стојам и да се движам за да спремам манџи и поздрави оброци...ама да од утре ќе пробам да изнакупам повеќе зеленчук бидејќи од овошјето сеуште повраќам, изгледа од киселините внатре.
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Имам пишувано и предходно со првата бременост качив доста килажа со 81 бев а ја почнав со 63кг. Се породив се намали некој кг од бебето, вода, плацента но посче недела и пол и - 13кг дополнителни од отоци наеднаш од толкав човек се вратив во нормала иако физички додека бев трудна не бев нешто поправена само меше имав ама кога се породив немав колено од операцијата али после недела и пол се се врати во нормала :). Така да не паничи воопшто и таа бременост и оваа сега се јадам не се штедам али количински не јадам многу максимум 2 парчиња пица би можела да изедам па после неколку саати кафе да пијам итн.
     
    На Giinna, n0Limits и AlchinovaR1979 им се допаѓа ова.
  11. Kolumna

    Kolumna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2020
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Mislam deka preteruvas so ovie napaganja so argumentot na abortus I krvarenje so pokacena kliaza. Te MOLAM znaci, te molam nemoj vaka da se izrazuvas na nekoj sto pominuval abortus da gi povzuvas muabetive so toa rabota. Fakt e deka kilazata vlijae vo bremenost, no nikogas ne se znae od sto moze da dojde do spontan (a cesto pati se hromozomskite anomalii). Milslam deka mnogu dobro namerno zboris, i jas kako tebe mislam deka clenkata @Besbes24 ne e so normalna kilaza 80 kg vo bremenost (zasto treba da bides 2metra visoka a sigurna sum deka ne si), jas sum 1.70 i pocnav so 63 kg i 3 pokaciv.
    Ne kontroliranje na ishrana vo bremenost moze da dovede do gestaciski dijabetes. Osobeno kaj pacientive so pcos. Toa e endokrinoloska sostojba so moze da dojde do ostetuvanje na srceto na bebeto. Imame mnogu golemi pricini da pazime sto jademe. I mnogu malku da ne pazime. Bremenostata e sostojba sto ti go zgolemuva apetitot, no nema nikakva vrska so ishranata sto bebeto ima potreba od tebe. Bebeto definivitno najmalku ima potreba za sekjer. I vo stomak i nadvor. Taka sto mislam deka mora da pazime, i ne da go opravduvame apetitot, ako sakame da izbegnuvame nesakani efekti kako visok pritisok, privremeno poroduvanje ili pa i gestaciski dijabet vo bremenost.
     
    Последна измена: 3 август 2023
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    17.822
    Пол:
    Женски
    Јас сум 165, бременоста ја почнав со 68 кила, ослабев на 64 од повраќање првите 4 месеци. Сега сум 9ти 37недела, имам 78 килограми. Знаете кој шок го имав на вага пред некој ден кога застанав не ми беше верно. Не јадам благо не ми бара организмпт а и имам кандида и кога и да ми се пријаде гледам да е нешто поздраво, не јадам бел леб имам киселини од него, со самото тоа ни тестенини само интеграли а толку не мо се убави што макарони немам добри 2 месеци пробано. Да видите што јадам во текот на денот ке се запрашате и вие од каде. Доручек смути, или овошје, ручек тоа што имаме по дома без леб и многу салата, навечер или пак за ужина во меѓувреме сливи, диња или лубеница обавезно јадам. Ме освежува не знам колку сливи, дињи и лубеници прејадов од што ми се слатки. И пак 78. Според моите баби крвот ми е слаб зошо не јадам леб, а лебот еден здрав у пм. Нели не здрава храна дебели, еве јас сум си жив доказ дека килограмите се качуваат и вака и така. Отоци сум цела, знам дека ке ги снема после пораѓај. Не е лесно да се гледаат на вага ама тоа е создаваме нов живовт. Ние можеме да пазиме колку сакаме, хормони се во прашање, лудуваат во бременост.
     
    На lackygirl, Giinna, n0Limits и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    175 visoka,12 nedela +2kg. Pretpostavuvam ne e mn.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    За 175 требада имаш од 75 до 80кг стартна. И после тоа можеш да качуваш ако си качила само 2кг не е ништо може до крај и 15 ќе имаш не можеш да знаеш али за да качиш од јадење килажа треба да јадеш дневно по 2 пици, 3 хамбургери, тепсија баклава и се така во круг. Јас сум за се да се јаде но умерено денес пица, утре грашак, па ориз, па хамбургер, итн. Да не биде секој ден исто и запек ќе се фати.
     
    На AlchinovaR1979 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  15. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.856
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Pa zatoa rekov ne sum do tolku da jadam 2 pici dnevno za vecera hamburger ama pa ako 1 nedelno mi se jadi pizza ke jadam se dodeka sum ok so kg. Ama pa sigurno ne bi sakala cela bremenost da ja pominam vo salati i ovosje koga odsekogas sum jadela. Ne e strasno +2 bidejki i ne se dvizam poke bev na lezenje ama sekako ne znaci deka treba da se opustime i da preterame. Da jadime sto ni dusa saka samo so merka.
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    И овошјето е полно шеќери ако гледаме. Особено ова време лубеница, грозје, праски. И од нив ако јадеш по цело кило наден пак ќе качиш на килажа а може и шеќер да добиеш. Се што е здраво не значи дека е здраво. Здраво е нормална количина на внес на храна без преголемо оптеретување.

    Ова го кажувам зошто секое оптеретување на на жолчката со големо количество на храна не може да ја обработи и се формираат камења, кој имал напад на жолчка знае како е. Некои луѓе се подложни на стварање повеќе некои не али организмот не знаеме кога ќе не изненади.
     
    На *Amethyst*, AlchinovaR1979, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Го здогледав грозјето па да прашам некаде како да читав дека е забрането во бременост а мене со недели грозје ми се јаде, никогаш не сум го сакала ама сега душава од сон ме буди си замислувам грозје дека јадам :D:wasntme:
     
  18. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Вака сеа, се извинувам прво на @Besbes24 , се извинувам и на сите мајки тука што поминале низ абортус или се вознемириле како и ти од мојот коментар кој што не беше со ни најмалку лоша намера ниту пак абортусот го поврзав со темава односно со покачени кг, ама, едно големо ама, на моите сугестии кон @Besbes24 да внимава бидејќи и подоцна уште повеќе ќе качи кг од отоци и тн да не се повторувам она одговара со тоа дека она имала абортус и не и било лесно. Го спомнав тоа само бидејќи јас ја сфаќам како да си наоѓа оправдувања за се.
    Сепак се измери? Само 2 кг а изгледаш ко за 4ти месец?:)
    Нема потреба ни да се напаѓаме, ни да се лажеме, еднаш едно па друг пат друго и изигравање нападната жртва.

    И да и јас сум трудна прв пат, и јас сум здебелена, повеќе од што очекував според тоа колку малце мислам дека јадам и колку се трудам дневно да пешачам и да не лежам само, пишував претходно во темава. И јас јадам и пица некогаш за ручек, и хамбургер ама и би можела и секој ден да јадам такви работи, не пукнав ни јас после работа да трчам манџи да готвам коа можам да си нарачам нешто поубаво, ама затоа балансирам со се останато-активности, пешачење, после ден нездрава и сува храна храна -следниот течна и тн.
     
    Последна измена: 3 август 2023
    На IRBBB, Besbes24 и Kolumna им се допаѓа ова.
  19. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.066
    Пол:
    Женски
    Полошо е да не можеш да имаш никаква активност, а пустото да сакаш да јадеш. Со првото лежев 4м, повраќав, мислам се мразев што сум жива. После фати есен па зима и немаше активности а и не смеев многу. Сега исто, закована за кревет а пусто ми се јаде. Гледам да не забегувам, зошто знам дека нема како да ги потрошам, ама мислам и вода се лепи на мене и ме дебелее. Не дека имам голема килажа, со бројката немам ич проблем, ама што се дебелеам и ширам само на едно место, тоа мн ме мачи
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Да сте двајцата добри само, после се ќе помине и ќе го заборавиш периодов и чувството. Кај и да се залепи ќе го тргнеш после породување :l: се останато само да биде во ред, со лесно !
     
    На Konstrakta му/ѝ се допаѓа ова.