20+5 денес, -5 кг. Матичната вчера ми се чудеше како не качувам, вели сите качуваат ти слабееш. Е ама кај мене вишок има и велам
20 недела 5 кг + . Стартував со вишок 5кг од тоа што сум цел живот , цел живот 59кг, останав трудна со 64кг, сега 69кг. Со првото мислам дека се породив со 74 кг. Апетит некој голем немам, претежно здраво е тоа што внесувам, брашно, леб, шеќер не конзумирам секако ама по операцијата на жолчка качив вишок кг, затоа мислам дека овој пат потешко ќе се вратам на свое , ама да сме живи и здрави, па колку и да треба ќе дадам ефорт за што побргу да се вратам во нормала.
Како човек што од воздух и вода качува, плус стрвна, во бременост се покажав скроз спротивно од тоа, за среќа. Особено од втор триместар натака имам cravings само за зеленчук, овошје, грчки јогурт и ѓевреци. Пред да останам трудна се давев во брза храна. Во прв триместар јадев и од сендвичари и од 7ца и тесто, сега ми е лошо од сувомесно и месо. Среќа железото ми е добро, а хемоглобинот рамно на граница. Ама и да бев повеќе кг плус, не се замарам, не бројам ни калории и што ми се јаде си земам без грижа на совест. Ќе се вратиме назад полека.
Да прашам дали некој ја земал програмата од Драгана fitlife за трудници? Рано е за да почнам со вежбање, но храната како е? Бара ли мн време за готвење?
Јас не сум ја земала таа програма, ама почнав на пилатес во студиото и сум 14 недела бремена и супер е, мене таму ме насочува што да одбегнувам од вежби, па верувам и програмата е добра.
Не е захтевна храната, едноставни здрави оброци се, ама јас ја користам како инспирација попрвин кога немам идеа што да направам за појадок/ужина/вечера, не готвам од неа строго. Задоволна сум од интензитетот на вежбите и со цената мислам дека е доста достапна за целата информација што ја нуди.
Ne se pazam ic jadam sve vo bremenost bas radi bebeto ama I prvata bremenost ne se zdebeliv mnogu mnogu pijam voda imam brz metabolizam vo wc idam po 4-5 pati na den po golema nuzda obavezno
Прва бременост- 37 кила. Со 102 отидов на пораѓај. Втора бременост - околу 30 мислам дека качив, не се сеќавам баш. Знам дека со 96 или 98 отидов на пораѓај. Последна бременост- 30 кила. Со 98 отидов на пораѓај.