Пред да останам бремена качив 10 кила во една година заедничко живеење со сопругот, и мн ме мачеше умот викам леле бремена ќе пројдам 100ка.. Останав бремена со 69, сега имам 65 од повраќање и кифличе само јадење, 9+3 сум моментално. Бебче е супер и поголемо за 2-3 дена добро што расте на таа моја исхрана моментално .
6та недела сум луге страшен апетит имам вакво нешто не сум осетила до сега… Пред да останам бремена си качив 12кг плус и сега не смеам да мрдам повеќе од 8-9кг а јас сум гладна на секој саат време.Се трудам да се контролирам си земав програма за трудници за здраво да се хранам… пијам вода јадам овошје кога чувстувам глад …Ништо не помага некогаш дури ми се слошува од глад …Уште од 4та недела почнав да се чувстувам вака ама како поминуваат деновите се по страшен ми станува апетитот…..Незнам што ќе се прави вака Нема да ме собере низ врата ако јадам толку колку што ми се јаде. Инаку примам и терапија прво прогестарон а сега утрогестан се мислам да не е и од нив ама и пред да почнам со терапијата ми беше веќе отворен апетитот…Ама последнава недела лудило Дајте ми некој совет била ли некоја друга вака? Ќе се смири ли ова или уште толку ќе се зголемувa
Иста бев и јас, буквално се тресев од глад, ми се стемнуваше пред очи ако не седнам да јадам. Така цел прв триместар. Во втор ми се намали апетитот ама малку Така да си јадев и тогаш Е во трет не можеш да дишеш така да помалку ќе јадеш. Јади по помалку ама почесто, на пример така кога ќе се тресеш од глад изеди крекер. Па за кратко нешто пак, јаболка на пример, банана…
Колку си поправена, јас почнав со 55 кг намалив 54 прв триместар од што повраќав, сега сум 23+ 9 кг. Денес кога видов на вага шок, многу ми дојде. А допрва 7,8,9 месец ќе качам плус, до колку ќе стигнам
Мене ми е вака, станувам сабајле и одма морам да јадам, се тресам од глад, по два пати доручкувам ако станам многу рано, морам и да вечерам. Во претходната бременост заборавав да јадам, ич не бев гладна, многу ретко вечерав. Тогаш во прв триместар не качив ни грам, сега 4 имам качено и тоа со вишок 5 стартирав во однос на претходната.
Јас почнав слично како тебе со 54кг, од утре сум 29та недела и сум здебелена 9кг до сега. И тоа среќа последниве 2 недели нешто намалив со качување, претходните недели по минимум 600-700гр некогаш и едно кило качував. Незнам колку си висока, јас сум 160цм и пред да останам бремена бев со нормален BMI. По релевантни медицински сорсови вика дека нормално накачена килажа за нормален BMI е 12-15кг до крај. Јас се молам сеа последниве недели да не надмашам имам уште макс 6кг за дебелеење, за уште да спаѓа во нормала
167 цм сум висока. Следна недела баш и скриен шеќер ќе проверам па ќе видам и тоа. Вака на крвна слика ниска ми е гликозата на гладно. Некако читам наназад сите малку качуваат
И ти си нормален BMI значи…Јас си се тешам што неколку другарки што ми се послабички или како мене отприлика, сите исто доста качија околу 15-16кг и помина се како што треба, брзо после пораѓај ги изгубија. А тука кога ја отварам темава ме фаќа депресија . Јас правев пред скоро скриен шеќер и си беше супер - немам. Исто на крвна слика знае глукозата малце под граница да ми биде, али докторката што ме води ми рече да не се секирам, битно да не е над граница. Сигурно и кај тебе ќе биде се во ред
11 кг сум поправена, со 50 останав бремена. 172 сум висока. Aма се’ си јадев на почеток кога имав многу апетит Сега трет триместар стагнирам, не сум качила повеќе.
Со 75 кг останав бремена,дојдов до 91 кг Една недела после пораѓај сум 85 кг Апетит сега за сега немам ич и се надевам дека така ќе остане
Да буквално се тресам од глад.Наутро се будам гладна обично јајца појадувам додека да се сварат или испржат јас веќе се тресам… А башка на се неможам ни да движам многу пред некој ден прокрварив сега до следна контрола морам да пазам и на движењето…
Не, инсулинот е хормон, гликемија е тоа што е на редовна крвна слика. Може и да ти е нормален труднички симптом, јас во прв семестар јадев бадеми или крекери додека спремам појадок. Жедта е исто нормален симптом како и честото мокрење. Сепак не пречи да си провериш бар гликемија.
Иста бев скроз, првото тромесечие наутро се тресев додека да апнам нешто, се дешаваше да ме разбуди глад и сред ноќ. После 12та недела гладта магично исчезна. Јас јадев мнооогу зеленчук и овошје, јогурт и само интегрално лепче. Веќе сум 34та недела и сум 3кг плус од почетна килажа, но јас и многу повраќам и завршував често на инфузии, уште малку ќе бидам 9ти па уште секојдневно имам мачнини и повраќање. Сепак мислам со поздрава исхрана и внесување доволно течности може да се контролира се.
Дај боже и кај мене така да изчезне Се обидувам шо по здраво да се хранам вчера си правев пица од леќа со зеленчук врз неа и околу 70гр кашкавалче пицата беше стварно голема шо во нормални услови би сум ја јадела за 2 оброка а вчера си ја изедов само за ручек и си викам многу се најадов сега сугурно нема да бидам гладна до вечер..За 2-3 саати повторно цревата почнаа да ми хрчат ко да не сум јадена 2 дена Не верував дека стварно бремените жени вака имаат апетит мислев дека се е им е до психата па се поправаат ама не било така Мака е стварно особено па кога и не припаѓаш во категоријата на оние скроз слабичките шо и 20кг да се поправат им годи.