Се извинувам на оф топик, ама уште кога те видов на слики ти се восхитувам на линијата. Трето дете на пат, а тело на девојче, браво.
31недела + 3дена - уште + 2кг за 1 месец...вкупно 8кг ќе видиме до крај..се надевам нема да се уште многу
Јас вчера влегов во 6ти месец и сум поправена само едно кило почнав со 66 сега имам 67. Во текот на првите 3 месеци интензивно повраќав и мии се лошеше постојано дење и ноќе и ослабнав 3 кила.Сега овие 2 месеци ги повратив тие 3 кила и се поправив само 1 кило од почетната килажа. Бебето е одлично, супер напредува и никогаш не ми замериле на контрола дека не сум поправена дури пред една недела на скринингот од тоа едно килце одма докторката кажа дека е видливо на стомакот само таму се поправив.
Почеток на 29 недела сум, баш вчера се мерев кај докторот на преглед, стартував со 52 кг сега сум 63. Немав никакви мачнини нити ни почеток нити до сега, си јадам нормално како што си јадев и претходно, од ништо не ми се гади. Физички не сум драстично многу променета освен стомакот што ми е надуен и во газот се ширам, сите ми кажуваат дека по формата на бременоста носам машко ама докторот мој вчера на ехо и дундето го виде, така што повеќе верувам на доктор отколку на бабини деветини. До крајот на бременоста сигурно ќе покачам уште некое килце ама да гледам тоа да биде уште максимум 5 кила да не се запоставам оти после иди симни ги да те видам
Исто и јас не сум поправена напротив на почетокот пред бременост имав 52кг после од повраќањето ослабев 46.Сега 25 недела сум имам 54 кг.Слаба сум многу не се приметува како бремена жена сега само што почна малку да ми се познава мешето. Поздрав
38+1 имам качено точно 10 кг, али се осеќам тешко како да имам 20 ставено , последниов месец мислам дека најмногу качив а од целата бременост дефинитивно после 5ти почнува рапидно зголемување на килажата
Мене ептен ме фаќа страв да не се здебелам многу...9та недела сум здебелена 3кг. и ич не се осеќам убаво...Сите фармерки ми се тесни и неможам да ги закопчувам....стомакот ми е подуен како да сум 7ми месец
Дали сметате дека е правилно да се оди на нутриционист. Имам проблеми со тежината и сега штом сум бремена страв ми е дека ќе ми избегаат килограмите до таван!!! и ќе станам ко слон!!!!
Срце уживај и јас бев со покачена тежина пред да забременам се здебелив наеднаш околу ноември,никакви диети нутриционисти ќе слабееме кога ќе се породиме сега гледај само здраво да јадеме и избегнувај касно навечер да јадеш снаа ми знаеш ли колку беше дебелка и пред бременост и по бременост сега е слаба дури од кога се породи по 3 месеци се стопи ич не му ја мислиш бебушките да ни се здрави и живи ние ќе слабееме тоа ни е