Рано ти е ,море и арно ако остане така јас не можам вода да се напијам од повраќање и гадење. Поарно да јадам и да качувам отколку вака да се мачам...
Додека се прави доручекот касни нешто, крекер или бадем, или слично Ќе помине, мене до душа и втор триместар ме држеше, ама само ми се јадеше, не се тресев ко во прв
Исто жива гладна сум а само повраќам и секој ден викам ај ќе каснам па што биде биде и ќе се истурам од повраќање.. А сега да застанам све ми се јаде... купив нутела.. Немам јадено може незнам година дена и уште не сум ја пробала ја отворив од мирисот ми се слоши. Мозокот сака ама телово не дава.
Јас 17+ гн плус 10килограми. Кога се измерив пред некој ден свест ми се сврте имам многу апетит и се ми се јаде Пијам фемибион мислам дека и од нив се отвара апетит
Иста сум имам многу голем апетит уште од почеток на бременоста. Се сум си гладна. Пробувам да се контролирам ама посилно е од мене. 17+ гн плус 10кг
Здраво Женски Извинете имам едно прашање Трет месец сум бремена и имам накачено до сега 6-7 кг дали е тоа нормално или е многу
Јас трет месец сум намалив 4 кила мн повраќање и мачнини, па загрижена бев, хаха секој со својата мака. Многу важно е и колку стартно имаш. Како и да е понатака и самиот стомак тежи, припази да не ти е тешко тебе за функционирање.