Последните 10 год постојано се вртам во круг со килограмите. Претходно витка, висока, јадев се што сакам и немав проблем…Последните 10 год се се лепеше за мене и нон стоп бев со обиди да намалам неколку кг. Кога размислував за бременост се си викав јас ќе сум слон, којзнае колку апетит ќе имам. Ама ете се породив пред 2 месеца и послаба сум за 10 кг. Постојано движев, се хранев здраво, не дека не јадев и глупости, ама ретко се случуваше тоа, а најважно е тоа што немав некој неконтролиран апетит. Морав да споделам дека сеуште не ми се верува колку бременоста ми течеше совршено и ништо не излезе како што бев убедена дека ќе биде години наназад.
Можеби е малку надвор од темава,но за свадба ќе бидам 32 недела..И сум исплашена како е свадба со стомак, До сега 2 кг качив 12нед 56кг.
Ти ќе бидеш невеста или гостинка? Сестра ми викаше најубава невеста е онаа која е бремена. Така да без разлика дали си гостинка или невеста- секако ќе си убава.
22+5 6,5кг. До пред 3 недели имав качено само 3кг Некако брзо се качуваат сега, но среќа само во стомак и гради се до сега.
Женски насабајле ли се мерите само?Насабајле е секако една килажа навечер ми е страв на вага да застанам се шекнувам13+2 2кг
Не се замарај ич, ќе ослабеш после пораѓај. Со првото качив 24 со второто 20, се исушив после пораѓаите. Сега сум 8 мес од втор пораѓај имам 4 кила помалце од кога останав бремена. Уживај си во бременоста.