И јас сум висока 174 сум и тешка 75 моментално .. сабајле станав во 6 јадев, сега ми е второ јадење демек мајками за ручек ми вика ќе ти ставам тука да не стануваш ми намести се... и не издржав сега изедов... и до 3-4 пак гладна ако не дојдат киселини и мачнини отидов...
Добра си хаха од ниско почнуваш како сестрами ти, она со 72 се породи еве ја сега за година во минус отиде.
Брзо си породена, сестрами до 6 месеци и стомачето и килажата бавно така после нагло почна да и опаѓа и со внукава по цел ден сама, плус топло е ќе почнеш ќе движиш цело лето е пред тебе ☀️
Со царски мешето многу споро иде. Па и коа почнав да вежбам и со исхрана ми се намали млекото и прекинав. Ќе се депримирам уште долго.
И она со царски се породи, па и нешто тешко зарасна рана, ама ти викам спадна од февр до септември више немаше стомаче, отидоа на одмор беше рамна ☀️ како претходно. Што јас незнам друга конструкција сум, си имав мало стомаче доле баш што се вика она беше оптегната даска рамна.
Јас даска бев, никад во живот сум немала стомак, сеа 6ти месец. Џабе стомаков не мрда… али ајде морам да се тешам дека ќе го нема.
20 + 2 Утрово се мерев 2.8 кг плус. Со 400-500 грама варирам деновиве, некогаш покажува 2.4 кг некогаш 2.8кг плус Ај си викам не е многу за петти месец.
Сабајлево се мерев 26та недела рамно / качени = 6ипол кила / овој месец скоро ништо не сум качила се отишло кај бебе
Последно кога се мерев бев 18 недела и се измерив 51 кг и некои 300 гр Претходно отприлика бев 48/49 кг Првите два месеци кога направив тест јадев мн малку, имав одбивност од храна, немав гадење ама немав апетит. Овој месец што измина рекорди се рушат во јадење Сега деновиве почнав со здрава храна, оти доаѓа лето и со горештините гледам полесна храна да навикнувам. Таков ми е метаболизмот, не верувам да качам на килажа многу, а и само мало стомаче шо имам, засега турбошланг си стојам.
37+3 ден на пораѓај, бременоста ја завршив со +17 кг. Денес, точно една недела после пораѓај сум +3 од почетната килажа. Дефинитивно се беше во стомак и последниот месец големи задршки на вода. Сега веќе немам отоци никаде, само стомакот ми е како 5ти, 6ти месец трудна… ама и тоа ќе помине брзо
Хаха кажии и јас вака кога ќе прочитам си имам мотив си се тешам си викам не сум само јас со таа килажа 28 недела +13 кг
20+1 имам качено 6-7кг. Ви завидувам тие што имате качено само 1-2кг, мене само градите толку ми тежат .