Внимавајте жени со исхраната, многу битен фактор е гојазноста за самиот пороѓај. Јатрва ми за бременост 30 кг качи а бебето како глувче слабо се роди, се на неа се залепи од глупости јадење, торти, брза храна. Од тогаш години поминаа никако да ги симне кг, цела бременост потечени нозе и висок притисок.
Истооо буквално, градиве веќе ми се млекара радово 20+2 и 6кг плус, до 9ти месец ќе фатам изгледа 100ка
Нема врска јадењето некогаш со кревање килажа во бременост. Јас со првото 24 качив, со второто 20, а пазев на јадење, со првото на диета за гестациски дијабет бев. Едноставно такво ми е телото, во бременост качувам многу килажа и одма после ја симнувам. Сега сум 9 месеци пост партум 26 кила имам симнато, на пораѓај со 84 отидов, од болница излегов со 79, сега имам 58 кила.
Што конкретно јадеше кога беше на диета ? Зависи и количински колку јадиш и што јадиш. Зборав за тие кои не внимаваат ич на исхрана, посебно со благото.
Месо, зеленчук и салати за ручек. За доручек и вечера јајца, кисело млеко, овесни, така нешто знам пред 4 год беше не памтам убаво. Леб само 2 кришки од оној никавион Тонус. Тестенини, компир, благо, пржено ништооо. До 12та недела 9 кила имав качено. Сега со второво до 12та недела ништо не качив, после нагло. Со него си кснував симити до душа ама количински никогаш не сум јадела. Такво ми е телото се дујам како балонче и после ништо нема. Ама не е на арно и симнувањево килажа толку брзо, други проблеми ми направи.
20+1 momentalno +12 pocnav so mnogu mala kilaza 51 imav na 176cm isto kako so prvoto. Sum spomnala i prethodno so prvoto bev 80 gi simnav za pomalku od 6 meseci. Iskreno ne se ni zamaram do kolku ke stignam
Мислев само јас сум. Висока сум 175 и сум 63-65кг цел живот. 36ка број носам. Епа официјално 12та недела ја завршив со плус 7кг. Не јадам ништо повеќе количински од претходно. Не ми е толку на што ќе изгледам, колку што имам некој здравствен проблем а не знам. Ќе барам тироида да испитувам. Исто премногу ми паѓа шеќер, па може и гестациски шеќер да е во прашање. И нема трудничко стомаче, се раширив во колковите и газот. Загрижена сум, никогаш во живот не сум била над 70
Јас 173-4 висока, 61 кило цело време.. пред бременост 69 дојдов и останав бремена и викам отидов јас 90.. ама ослабев 4 кила први три месеци од повраќање значи 65.. сеа сум 77 кила 30та недела значи 11+ кила сум качила само стомак и малку гради.. др исто, влегувам во 40 фармерки труднички. Има уште до крај ќе видиме како ќе биде.
Е јас последно купив 40ка фармерки, дека уште не сум за труднички а нешто мора да се носи. Е јас никакво гадење немав, ама си јадев нормално, не знам. Како почнав со дабростанот, за две недели веќе не влегував во старите фармерки, плус 5кг, а еве се мерам денес, оп плус 2. Не знам вака до крај како ќе биде. Некако нереално многу качувам. Инаку сум некој што се јадел, а не му се лепело и ова ми е загрижувачки.
Јас првата бременост ја завршив со +6кг, последните три месеци слабеев поради тоа што имав шеќер и морав многу да внимавам на исхраната, да пешачам и да вежбам. 4 месеци после пораѓај имав симнато 18кг, сеуште не ми е јасно како се случи тоа, а бременоста ја започнав со нормална килажа. Е после тоа кога престанав да дојам и се вратив на работа, вратив килажа и си додадов и плус кг. Е сега вторава бременост ја стартував со 10тина кг повеќе од првата, сега сум 17та недела и +2кг. Ама многу ми е страв да не ставам многу килажа, не само за изглед, туку за се, мислам дека помала килажа може да помогне и за полесна бременост, полесен пораѓај, барем од првата бременост имам такво искуство. Плус и летни месеци ќе ме фатат, што значи отоци и не знам како ќе биде.
Јас денес се мерев 28ма недела на средина веќе, стојам на +6кг од почетна тежина веќе 3недели бебе си расте што ме збунува малце, тоа логично би значело дека јас слабеам а мешево ми е доста големко и тежи
Здраво жени, имав две бремености во нецели две години…од 62кг сега имам 85кг…и никако неможам да ослабам…породена сум пред 6 месеци…две бремености bed rest до крај…
Утре почнувам 31ва недела … влез во 8ми месец… сабајлево се мерев +7 од стартна е сега 8ми и 9ти месец викаат е журката со килограмите па да видиме
Се мерам денес на вага и оп 54 кг си покажа, прв пат од кога знам за себе таа бројка ја гледам на вага и сум можеби единствената тука што се радува дека качува на килажа 25 недела сум и бременоста ја започнав со 49 кг, можи и помалце. Како скината јадам овој месец, посебно навечер, ама гледам тоа да биди лесна храна, домати, маслинки и краставици, без нив не легнувам Светото тројство ми се, ако има некој повеќе од мене домати што има изедено во бременост јас ја, домат ќе ми никни во стомакот до бебето