Еве 5 дена од пораѓај денеска прв пат се измерив намалени 7 кг. Отидов на гак во вторникот со 78.5 сега сум 70.7. Бебе вода и плус тоа што се изгубило од лежење ваљда. Креатин киназа ми е намален во лаб. значи доста мускулна маса е намалено од лежење толку долго, и осеќам сила немам во рацете сама да се подигнам од кревет сега после царски. Значи килажа се губи да не се секирате. И после пораѓај продолжете со витамини и д3 најважно.
Ne si sama cvetce, i jas pocnav so 51 a sum 176cm. Do 9ta nedela kaciv 10kg i zaliciv na covek iskreno. Sega sum vo sabota 23ta i samo +1 imam kaceno od deveta navamu, znaci vkupno 11
јас па на крај не качував ич ама еве ме сега ве читам и ви се чудам веќе сум +7, а 22 недела денес, ем внимавам шо јадам колку јадам и пак џабе
Слична ситуација и кај мене беше Лејди. Ме измерија на прием 77,8 кг, дома дојдов со 70,2 кг. Моментално сум 66 кг, 4 месеци подоцна, пребавно според мене но можеби има улога тоа што лежев од старт до 36та недела. Јас со колената имам проблем уште ги чувствувам закржлавено, клекни стани нема шанси мислам ќе ми пукне нешто. Тежината кога се гледам повеќе ми личи дека е вишок вода од колку салце. Со 56 останав бремена се надевам ќе ги симнам и овие 10 побрзо.
Еве и јас да се пријавам слично ко тебе. 20та недела + 4 кг. Почнав со 45 јас , сега сум одвај 49. И се радувам на секој качен грам. Цел живот сум коски и кожа со желба да се поправам. Првата бременост исто со 45 останав се породив со 52. И се вратив пак на 45. Инаку и за патлиџанот и маслинки исто.. со сиренце мх мх. Ништо друго не ми треба тоа би јадела и за доручек и ручек и вечера. Некад знам и некоја Аргета да намачкам. Знам не е здраво ама ме фаќа ств за паштета И оваа бременост се дупнав од благо јадење,дури страв ме фаќа колку многу ми се јаде благо, и си јадам не се пазам. Никад не сум пазела на исхрана . Прошлата бременост не јадев ништо,повраќав од прв до последен ден и живеев само на двопек маслинки и кисела вода. Сега со мерак од све си каснувам.
Јас уште се држам до 8 кг качени во бременост, што е супер за мене оти почнав со вишок килажа овој пат. 36+1 сум, чекам ред кај матичната за цртг и ехо. Со првото дете, качив 9кг, и после три месеци од пораѓај бев -11кг
34+1, 12-13кг со тоа што некако нагло почнав да отекувам минатата недела (притисокот си е ок), па се тешам дека е задршка на вода
14+2, 2kg Последниве денови ептен ми е отворен апетитот, се надевам нема да претерам со качување на килограми.
Бравос како успеа само толку кг јас колку многу внимавам на исхрана активна сум и се и пак +15 до крај можи и 20
Не припазувам многу но сепак умерено јадам. Имав период каде што ме водеа со гестациски и тие 3-4 недели до следен тест претежно протеини внесував. А и доста пешачам. Верувам и тоа што претходно бев доста активна помогна. Сега јадам се и сешто (сепак умерено) и пак тешко качувам