Правилно е да се оди кај нутриционист што ќе ти даде разновидна и избалансирана исхрана. Ама не во насока на слабеење,туку да ти укаже која храна и во колкава количина ќе придонесе за оптимално здравје на тебе и на плодот. А,покрај тие бенефити,нема да качиш преголема тежина,нема да слабееш и да се игладнуваш,ама ќе бидеш здрава. Не чини преголемо накачување тежина во бременоста. И мора да се јаде разновидна храна.
Благодарам девојки на мисењата. Поради "јакиот" ми карактер за здрава и балансирана исхрана, знам дека ќе потклекам на многу убави пржени тиквички, сладоледи, баници, кифли, кои ете од претходната бременост ме оставија и сеуште сум со 10 кила плус. Сега дај Боже се да е во ред, да е живо и здраво само, за тоа се молам, а истовремено сметам дека е убаво некој зауздана да ме држи за готвена и здрава храна. На работа сум на битна положба и не би сакал да се дебелеам многу па да не ме собира ништо, а веќе имам проблеми со наоѓање облека. Бременко и загрижено. 5та недела сум и се молам и чекам кризата до 12та да помине.Се трудам овојпат работите да ги фатам на време со ред. Немам гадење, што ме води кон прејадување.
Вита диет клуб имаат програма за исхрана на трудници, ништо да не му фали на бебето да се развива нормално а мајката да не качува на килажа, можеш да провериш таму ако сакаш
22 +5 останав бремена со 73 и нешто, а сега 77 ама на мене ништо не се познава, само С од стомак имам :
Јас многу сум поправена. Бременоста ја започнав со прекумерна тежина, 72кг, а сега (19 +1) имам 80,5кг, значи 8,5кг повеќе. Кај ми е крајот?
Немој да се сеќираш. Јас се поправив 19 килограми за време на бременоста, а најголемиот апсурд беше тоа што на бокс се качив со 75 килограми, а после седум дена имав 74 кг. После 10 месеци ослабев 16 кг, а сега, после 1 година, се вратив на нормалната тежина, без диети.
Уф алал. да ти е... Јас пак со 63 стартував со 83 се породив,по 5 месеци имав 67 и сега помина точно 1 год и заглавена сум со тие 67 никако да симнам уште 4 кг Почнав. да јадам и црн леб,избегавам да вечерам па ќе видиме...
Јас во 5-та недела имав 55кг. Во 11-та имав 56,8кг. Сега (13+5) имам 56,3кг Воопшто немам апетит, дури и тешко ми е ако јадам а не сум гладна. Знам дека од една страна е добро да не се качуваат многу килограмите, ама не знам ова моево дали е ок, цели 2 месеци само едно и пол кило да качам
Мила, килажа се качува после седми месец, до четврти месец може ни грам да не се качи, па 5 и 6 по малку и од 7, 8 повеке, ама се е тоа индивидуално, Уживаааааајјјјј
Стартував со 54 сега сум 64 7ми месец сум мислам дека многу е, ама што е тоа е ќе слабеам после порагај
Стартував со 70 кила, а сега сум 78 (7 месец). Со моите 1,72 цм (да си се пофалам) фино изгледам. Само стомачето ми расте т.е бебушко си расте. Мааалку сум поправенка во нозете долу или ми отекуваат.
Јас сум скоро 20 недела. Стартував со 70 кг а сега сум 73 кг. Во однос на тоа колку сум си склона кон дебелеење засега се држам...но ме плаши што сите кажуваат дека после 5ти нагло се качува килажа.
Индивидуално е. Јас во првите 3-4 месеци качив едно 7-8кг., потоа стагнирав до 7 месец ништо не качив. После 7 месец пак почнав да качувам и сега имам качено вкупно 15кг. Кога ќе кажам дека имам толку качено никој не ми верува, изгледа не ми се познава толку, ама мене почнаа многу да ми сметаат. Никогаш сум немала толку многу. Инаку стартував со 57, сега сум 72кг (висока 1,75)
Јас еве ќе го завршам 29 недела имам 60кг значи +8 а ич не се гледа не се приметува многу слаба изгледам.