Јас денес испаничив 34+1 сабајле се мерам од стартна тежина како почнав пред некоја недела бев +6кг, сабајле +4 … осетив дека ослабена сум во лик и гради од тоа што не можам да јадам од киселиниве ама се загрижив за бебка да не и наштетам на нејзе дека сум ослабела јас овие недели … за две недели влагам во 9ти месец па со Господ напред
Таман работа да и наштетиш, си зима она што и треба, немај гајле. Камо среќа јас така хахаха, еве уште сум депре 6 месеци постпартум за килажава.. фала богу што сум висока, иначе ќе бев крава
Јас сум запрепастена како моево тело ја разбра бременоста ептен смарт во однос на тело ќе видиме уште последниов медец како ќе истерам ама мислам у септември ќе се соблечам убава мама на плажа - за целулитот друга тема е тоа не се важи ќе се посветам летово
блазе си ти, за целулитот ќе се средиш, јас со минатата бременост имав многу, сега па немам, скроз различна сум оваа бременост
29 недела Сабајлево се качив на вага +9 кила. Испаничив и дојдов да се пожалам, ги доживувам страшно и многу некако. Пред 3 недели бев 6 кила плус, многу сум качила за кратко време. А ептен внимавам и редовно се движам, вообичаено 10к чекори на ден ги правам. Ептен да неможам ќе паузирам или ќе испешачам помалку.
Може да ти е и задршка на вода штом е за толку кратко... ама и бебе си расте убрзано во тие недели. И јас мислам при крај веќе 3 кила качив за две недели, и веќе не се ни мерам
така и јас го решив проблемот, викам ќе се измерам само пред да одам во болница да се породам, за да знам колку сум симнала со породувањето
хахахха и мене маж ми истово ми го кажа, и јас имам 8 качено 26та недела скоро, секое застанување на вага имам плус, а не изгледам страшно, мислам дека задржувам вода пошо и ја брзо ги качувам, како и да е и минатата бременост 18 качив и одма ги симнав па се тешам дека и сега така ќе биде
Исто, не изгледам лошо, само меше напред, уште сум во стари маички, и некои тренерки си ме збираат уште, вистина со ликра, ама доволна утеха ми е, хахахаха. А вака не изгледам подуена, ајде, за уште десет недели белки нема да качиме уште 20 кила. До 15-16 до крај би било супер мислам.
Јас сум точно +15 и се молам да се породам неделава за да престанам да качувам, све ми се во стомак и отечени стапала додуша, ама доста ми е