Со царски малку поспоро иде стомакот, сепак сечени мускули. Искрено мислам дијастазот ја игра главната улога, другарка се утепа носејќи мидер, па додека не затвори дијастаз, меше имаше. Друга па ништо не носеше, немаше дијастаз, имаше нормален што се повлекува сам и даска и е стомакот.
Леле тетка ми баш пред да се породам со првото не знам што и стана ми се јави посебно за ова да ми каже. Никако појас вика ,јас ставив и гледаш како ми остана стомакот (цел и е збрчкан,значи не стрии туку буквално како брчки како вишок кожа не знам ни јас да опишам) што ако ми е даска кога морам да го кријам ради ова. Се тоа од појасот и се направило... па да ти кажам ја послушав и ми се намали сам од себе.
носев јас мидер, не ми текнува од кога шо како, мислам дека беше брзо после пораѓај не одма... ама беше зима, сега на пеколов не знам баш дали би носела ... ќе ти се врати, јас бев 18 кила поправена и цела деформирана, па пак се вратив на 52 и си бев како никогаш да не сум родила за кратко, со тоа што ја рекреативно спортувам цел живот, не знам дали и тоа влијае, си продолжив и после пораѓај одма и брзо се вратив
Јас исто, па почнав и ми влијаеше на млекото. Имам и дијастаз најверојатно, бидејќи стомак имам, а никогаш во живот сум немала, кажав еднаш и пак ќе кажам, глупа сум и не знам да проверам дијастаз На врвот на се бебе не прифаќа ад, и не можам ни да ја одбијам, и морам да дојам.
Ќе слизнеш сеа на жешково апетит ќе се намали ,жалба за вода ќе се зголеми. Пешачење и полека ќе намалиш. А и 9 м се дебелееме бе ,не може за два да ослабнеме
спортот ти влијаеше? јас спортував одма после 40 дена и ја доев до година, не пиеше воопшто ад, на ексклузивно доење беше, трчав и полуматони и доев искачав и молзено и оставав имав дури и премногу млеко. иначе и јас не знам да проверам дијастаз, пробував нешо тогаш со прстите гледав видеа и пак не сфатив
Намалено е, има уште ама стомакот не мрда. 7 месеци како сум породена. Да, ми се намали премногу млекото и морав одма да прекинам. И сега уплав имам да почнам пак… правам вежби за дијастаз, се молам да се среди, зашто стварно тешко ми доаѓа психички, физичкиов изглед. Во живот не сум имала волку кила и стомак. Фала богу не испукав, уште тоа… и ќе се упукав.
имам слушнато дека влијае, мене за среќа не ми влијаеше, иначе знам дека е нервозно и јас секогаш сум слаба ама тоа е, подобро да доиш, имаш после време колку сакаш за вежбање не памтам колкаво ти е бебчето, само знам дека ти е уште мало, дај му време на телото да се врати во нормала, плус уште доиш, хормоните не ти се средени, треба време
На темава почнав со 54 ,сеа мерев 73 Ниту се осеќам толкава ,мислам дека не ни изгледам така ама шо знам ,ми се чини со првото поголема бев а не бев толку здебелена Ајде ќе симнеме сите ,само со бебушите да е се ок. @Feniksgirl не знам бе зошто ви е нејасно. Се местиш фактички како за стомачни ,полу стомачна вежба ќе му дојде со кренати коленици и боцкаш хоризпнтално прсти над и под папокот малку повеќе непријатно е. И ако пропаѓаат прстите значи имаш.. колку прсти пропаѓаат толку ти е дијастазата со тоа што колку е поголема потешко се средува. Јас имав 2.5 ,ја намалив на 2 ама не ми се мачеше многу оти знаев ќе имам второ кога тогаш ,сеа сигурно поозбилно ќе го сфатам https://pin.it/37EAwnVkT еве објаснување и друг како да ви провери. Еве уствари што се дешава.
Незнам дали е пракса сеуште, кога се породив пред 5 години на гак царски, во шок собата ми ставија вреќа песок за стомакот да се соберел, некои 2 саати сигурно ми седеше на стомак вреќата, со објаснување заради раната да не сметало брзо да заздрави. Од болница излегов со скроз рамен стомак како пред бременост, само половината ми беше проширена малце за една недела ми се врати во нормала. Изгледав како да не сум родила. Плус 15 кила бев. Сега сум +5 кила, 28+1
Не, читав мислења дека не е пожелно да се носи мидер што стега. Мене мислам за 10-15 дена ми се врати комплетно стомакот, е сега немам стомачни како што имав предходно ама ќе се среди и тоа. Ако доиш многу побрзо оди враќањето на матката, остави природата да си го направи своето па после ќе досредуваме со вежбање
Веројатно имаш дијастаз, се изнагледав видеа за тој дијастаз и јас не знам точно да се проверам ама сфатив дека од него може да е стомакот. Не знам да ставам овдека линк од видео од инстаграм без да ми се види името, ќе ти пратам во порака.