Здраво женски, не знам дали е за оваа тема прашањето, но сакам да прашам колку КГ изгубивте после пораѓај? Јас сум моментално 31 недела и +16кг
Индивидуално е тоа, кај секој различно. Јас качив +22/3кг. Бев 56 а се породив со 77,8 кг. После пораѓај бев 70кг. 6 ипол месеци после пораѓај сум 63 кг. Имам уште 7кг за симнување.
Мислам дека е индивидуално, јас качив 15кг, породена со царски, после помалку од 3 недели изгубив 12.5 и имам уште некои 2ипол за симнување. Пред точно месец сум породена, и стомакот ми е скоро па повлечен, само над раната имам малку останато. Кај мене цела килажа беше во стомак отидена за време на бременост
Релативно брзо се вратив на стара килажа и мн се нервирам. 20 кг бев поправена. Останав со 47 кг, на пораѓај со 67. Сега 9 ипол месеци после пораѓај сум 50. А баш си бев супер со тие 20+.
јас сум 31+4, денес се мерев +13 сум. горе доле очекувано, со минатата бременост качив 18, многу брзо се вратив
Сите сме различни. Снаа ми дали 5-6 кила се поправи во бременост. Сега 3 ипол месеци после пораѓај, има 10 кила плус. Се се средува, само живо здраво бебенцето да биде. Тоа е најбитно.
Да се пријавам 31н 2д плус 4кг Ве мерат ли на преглед? Јас дома што се мерам, на преглед до сега ни приватно ни кај матичната ме измериле Почнав со 78, првите месеци намалив некое килце немав апетит ич. И до сега 3 -4 кг качив, сега сум 78/79
Мене не ме мереа на ниту еден преглед, ниту кај матичната ниту во систина матичната само ме прашуваше килажа затоа што знаеше дека мерам и си запишуваше во картон, на доверба ама јас се мерев како опседната, секое сабајле одма штом станам. Качив 15кг, ми остана уште 1 за симнување, бебе е 8 недели