32+3 , + 8 kg .. почнав со 45 сега сум 53 .. се израдував 53 kg никогаш не сум била Со првото исто почнав со 45 се породив со 52 kg
Исто и јас цел живот 43кг макс. Оставан бремена со 46 на пораѓај имав 62. Сега останав со 53кг и се надевам нема да качам повеќе од 62/3 и дека после пораѓај ќе се вратам бар до 50кг
Исто и јас цел живот 43 со првото 56 имав на пораѓај. Со ова пак почнав со 43, 21 недела 49кг па ќе видиме до кај ќе стигнам
Порано некој кога ќе кажеше абе вода се напијам се фаќа на мене викав водата со џварки да не ја пиеш. Сеа јас после прв пораѓај и наполнети 35+ год. метаболизмот толку ми се успори што почнав и ја од вода да се дебелеам ( без џварки ја пијам) И сеа животна желба ми е после овој пораѓај да се вратам на 50кг и да останам на тие, ако е можно
Хаха ќе се вратиш! И мене ми е идеална 50кг ама сеуште не сум успеала да ја стигнам, освен дур сум бремена.. а може тоа што викаш за некоја година ќе се жалам дека се се фаќа
Не е добро во бременоста да се изгладнуваш, особено кога на бебето му е потребно да расте, секоја бременост е различна и јас почнав нагло да качувам на килажа уште во старт, сега сум 36+5 недела сигурно сум 14+ кг, не се ни мерам веќе, а нормално јадам, последниов триместар не ни можам да јадам, не ми се ни јаде. На изглед само мешето ми е големо и градите многу ми пораснаа, раце, нозе, лице истата сум.
Секако дека јадам, не се изгладнувам не се изразив убаво. Проблемот кај мене е што многу ми е отворен апетитот, скоро цело време ми се јаде.
Втор триместар исто имав многу голем апетит, секое јадење ми беше преубаво, а во трет триместар ми се намали апетитот, многу малку јадам.
Здраво девојки, прва бременост ми е, моментално 18та недела и се немам поправено скоро ништо, можеби 600-700гр. Дали ова е нормално? Правам се што треба, јадам пијам се хранам што е можно повеќе здраво... Нормална килажа имав 51кг висина 165цм пред да останам бремена. искуства?