32 +6 г.н +14кг Апетит воопшто немам и јадам нормално дури би рекла помалце отколку вообичаено пред да бидам бремена. На тело сум иста освен промената на стомакот и тоа за оваа недела која што сум(8ми месец) јас немам голем стомак. Се чудам искрено од каде овие 14кг и колку ќе заминат после пораѓај ://
Јас сум 31+5 и сум + 8-9кг некаде, на почетокот дури и ослабнав последниве два месеци ги добив килограмите но и јас немам голем стомак во споредба со првата бременост каде се поправив 14кг и изгледав и на тело поправена нозе, бутови, лице а сега само стомаче. Инаку килограмите од првата бременост ги снема уште првиот месец како да не родив воопшто
38+6, се породив со 20 кг. плус. Јас бев преееслаба пред бременоста, па килажата ми дојде таман. На пораѓај бебе излага, плацента, плодова. Од старт ќе имаш некој кг помалце. После постепено ќе се средиш. Само не се форсирај и дај му време на телото.
Здраво женски. Бремена сум 30та недела.До сега имам добиено 13кг плус.Освен ниско железо 4ка немам никаков друг проблем со исклучок на минимален оток на нозете ама мн малце..испитано е и скриен шекер и тоа е во ред.Моментално пијам терапија Сидерал Форте за железо и плус витамините што ги користам од почеток на бременост.Нејадам количински многу.Овошје да банана портокали еднаш во денот.Благо понекогаш но не многу. А сепак имам добиено толку кг. притисокот ми е 100/70 .докторот ми вика намали со јадење имаш уште мн време може да добиеш висок притисок. А што да намалам кога јадам малце? Стварно не разбирам и сум збунета.
Aj dobro vecer edno prasanje imam pozitiven test si velam dur ne otidam da ispitam beta....e sege me fakja panika i strav imam premnogu kilogrami nad 120 sum dali nesto mzoe da se desi so mene ili so plodot kazetemi zosto od panika ke si napravam problem
Прво смири се. Второ нит прва нит последна со вишок килограми си, што била бремена и родила. Ќе си одиш на преглед и ќе слушаш доктор.
Не е за загрижување. Кај секоја жена е различно. Јас до 16 недела немав ни грам качено,сега сум 38 недела и имам +15кг( за чудо воопшто не се ни познаваат) ,но не треба да значи дека и ти ќе имаш толку. Опушти се и уживај во бременоста. На почеток и јас гледав само килажа и имав страв да не здебелам многу но сега е најбитно да сме добри со бебето а за килажата ќе заминат со самиот пораѓај пола од овие а за другите ќе се потрудиме
32+3 сум, вчера бев на преглед, пред да останам трудна бев 63кг досега имам качено 9кг, значи сега сум 71.5 до 72кг, а докторката ми вели малку повеке си качила од нормалното, ме замисли колку е нормално да се качи килажа инаку иста сум не сум воопшто некаде поправена освен стомак што расте
Пред бременост 66 -> 13+ недела и сум 70кг овие 4 за воља на вистината ги качив уште во првите 2-3 недели и сега сум 68-69-70 зависно од денот. Криво ми е зошто многу внимавам на храна, а сепак се трупаат кг… не знам колку е макс што би се качиле ама мене и ова ми изгледа премногу
јас имав пред бременост 50кг на пораѓај 72кг, после 2месеци одма клизнав на 60кг. Не се секирај одма паѓаат 10тина кила
Вода е во прашање, зголемен волумен на крвта, промена на метаболизам. Рачунај дека си бремена и кг секако ќе одат на горе, во ред е да пазиш на храна, но не е се во твоја моќ. Уживај во бременоста, јас бев 20+ со првото дете од кои 9кг изгубив првата недела, другите за некој месец. Со второто качив 10кг се на се па со -3 излегов од болница онолку колку што тежеше бебето деугите едвај ги симнав
Пред бременоста бев 59-60 на порагај отидов со 73 се вратив дома со плус 7-8 кг ама за еден месец си бев со иста килажа како пред бременост е сега со втората малку потешко исто бев 58-60 кога останав бремена со 74 отидов на порагај и се вратив дома со 74 сега 5 месеци како сум породена и едвај некако 4кг симнав незнам што да правам и како да намалам уште 10кг мислев исто како првото ке биде ама не
Не мора да значи дека ќе ставаш исто килограми како до сега. Јас бев 59 пред бременост па дојдов до 70 во бременост, последниот месец може пола кило качив а од муабети слушав дека најмногу килограми тогаш се ставаат, после породување 66 бев бебето се роди 3300 гр. И не мора да значи дека ако ставиш +20 дека ќе ги задржиш, секоја жена е различна. Јас дека дојам сега сум и помалку од таа килажа што бев пред бременост 4 месеци постпартум. Некои викаат дека ставаат на килажа после бременост се зависи и до хормони. Затоа еве мене лицето ми е лом и косата ми паѓа.