Еве сум, на пораѓај отидов со 20+ (веќе не се мерев ), 10 месеци подоцна сум на стартна килажа - без никакви замарања околу исхрана, за вежбање не правам муабет. Со првата бременост многу се потресував и плашев дека многу ќе качам, цела бременост пазев што јадам и не јадев, качив 12-13 кг, а ги вратив скоро за исто време како со вторава бременост во која решив да јадам се што ми сака душа од паштета до хамбургер .
Па јас исто со првата бременост вкупно качив 11 кг а од болница се вратив со килажата од пред бременост. Ама во доењето накачив 20. Вторава некко скроз ми е поразлична. Како и да е, најважно бебе да е ок па ќе се ставаме на режими после
Исто, 8 недели сум уште од сега 3 кила плус. Не јадам многу, плус повраќам ама и слабо се движам, скоро ич. Се тешам оти пола кило од тоа ми е во градите оти ниеден градник не ме собира веќе.
Леле па градите, се согласувам, чиниш Милка а тек кога ќе се полни со млеко … јас еве 13+ и од тогаш сум уште со истоте кг.
Оваа бременост ја почнав со вишок килограми... и сега ќе си пазам што, кога и колку јадам. Среќа не ме фаќа некоја криза за храна , немам food cravings. Сега сум 22г.н. и имам накачено 2килограми. Се надевам до крај ќе успеам да не качам повеќе од 10кг.
и јас сакам да ослабам....некако тешко се породив со 98 сега после 4месеци имам 84 страв ме фаќа... Пред скоро еден меежсец операција се правев од папочна кила мораше реков ќе смалам некое килце ама ништо барем засега така дс се со тек на време
Па одлично ти оди слабеењето. Од 80 надолу некако најбавно оди. Зависи и од хормони, метаболизам, доење итн ...
Не дојам на вештачко сме... Периодот после породување имав некаква алергиска реакција и одев 5дена на инфузии па 10дена апчиња и се одвикна мораше вештачко.. Ќе видиме како ќе оди почнав да се движам повеќе не јадам навечер, по малку по 10тина минути почнав да ја држам малата некни повеќе ја однесовме на гости ама немав мака само пазење сака да е здрава и жива свекрва ми долу со нив седи од денот пред да заминам на операција и уште викаат не ја пуштат горе бидејќи за да ја извадам од креветче малку поголемка и потешка сега неможам боли местото а и ми е малку страв искрено дс не ризикувам.. Инаку лошо кога се вратив од болница ја слушаш плачи неможеш да ја подржиш, да и дадеш млеко ништо.. Болки имав неможев да станам ако стоев повеќе време болеше сеченото хаос... Сега оваа недела некако подобро инаку пред тоа како препарирна... Па со конците 16 имав додекс да ги извадат, потоа 5дена дренот (цревцето) во стомакот го носев па пазев како и да мрднев болеше.. Станувањето првиот ден после операција болка многу поголема од што имав со царскиот (со царскиот трет ден дома со бебето џогирав се искапив ко човек, алишта од машина извадов дури и време за цигара на тераса имав ако камен ладно).