16-та недела-58кг Ја стартував бременоста со 55. Сега за сега сум задоволна како се држам, ќе видиме понатаму како ќе оди
Ако мислите во 39-40 недела, се имате поправено само 1-2 кг? Мислите пред бременоста сте биле да речеме 60кг сега сте 62 кг? Бидејќи тоа е невозможно
32ра недела сум, имам плус 8кг... И мене не ми е баш јасно како може само 1-2кг да имате ставено за цела бременост...? Па само бебето, плацентата и плодовата вода тежат барем 5кг. Значи викам "барем" што значи може да тежи и повеќе.
Секако дека е возможно да не се качи на килажа или тоа да биде минимално, со правилен режим на исхрана мајката слабее, бебето напредува и нема никакви последици по него. Тој режим на исхрана обично се комбинира со јога и кај оние мајки кои бременоста ја почнале со вишок килограми, за останатите не гледам причина за таков режим. Поздра до сите мешиња и имајте убави празнични денови.
Јас сум 13 +6 недела а веќе сериозно ми се познава стомакот...здебелена сум 4,5 кг а почнав со 52 Ништо не ми е јасно, незнам како се здебелувам...просто невозможно ми е! Јадам исто како и претходно...сега од што се изнервирав земав да пишувам што се сум изела денес и вчера и не надминувам 1200 калории дневно (еве нешто да сум заборавила +300 кал.), што е дури и помалку од пропишаното... Незнам до каде ќе стигнам вака, сакам да се стопирам некако...незнам како Градите ми се зголемуваат по 2 цм секоја недела Се разочарав На вас кога почна да ви се познава стомакот?
Немој да се секираш многу. Јас првите 3 месеци качив 7-8кг и градите нагло ми пораснаа. После до 7 месец стагнирав, ништо не качив (одвај едно кило). После тоа пак почнав да качувам, секако после 7 месец се качува повеќе. Инаку и јас исто јадам како и пред тоа. Гледај да се движиш повеќе и прави си некои полесни вежби. Можеби сме влегле во бременост со помалку кг. од колку што треба, па затоа убрзано се качуваат на почеток.
Фала ти на одговорот zuto ...Добро е да се слушне вакво искуство... Јас ептен се загрижив мислам дека секоја недела по едно кило се здебелувам и ако го преведам тоа во недели бременост изгледа страшно! Си мислев, дали е можно да ми е од дабростонот?
Не знам, јас не пиев ништо освен фолна и магнезиум во првите три месеци, а сега фемибион и магнезиум. Ама ако си била послаба кога си забременила, можно е да е од тоа. Сепак телото се спрема за новиот предизвик. Мајка природа. Јас сега сум поправена едно 15 кг. а не изгледам како за толку многу.
девојки мене многу ми е чудно,влегов во 6 ти мес.а се имам поправено само 4 кг.дали е нормално тоа само стомакот ми е др ништо не сум сменета,а прет тоа мислев којзнае колку ке се поправам,срекна сум поради тоа ама и се чудам дали е нормално позз
Еве еден калкулатор за тежина во бременоста Баш сакам да знам колку ќе отстапувам од него, засега имам 1кг повеќе одошто треба! fernandez со калкулаторв можеш да си провериш дали ти е нормална килажата, ама јас мислам дека супер се држиш... http://www.calculator.net/pregnancy-wei ... lator.html
Јас започнав со точно 48кг,и бидејќи не повраќав не ми се гадеше си стоев на истата килажа првите 3 месеци. На последната контрола во 18та недела бев 50кг,а денес се мерев имам 51кг. Сеуште не се забележува многу стомакот само јас си чувствувам промени,засега мислам добро ми оди со оглед на тоа дека бев послаба добро ќе ми дојдат килограми плус
jas sum 25 kg do sega popravena i vlegov vo 7 mesec na pocetokot imav 50kg sega sum 75 a do kraj ne znam kako ke bide
Јас сум 12 кг.здебелена до сега за една недела влегувам во 9ти месец, добро се држам ама да не внимавав сигурно ќе се здебелев повеќе внимавам со тоа што после 19ч.ништо не јадам освен нешто овошје и секако многу пешачам се трудам да не се напраам како слон зошто и онака си бев буцка од претходно и сколна сум кон дебелеење,малку да не пазам одма се дебелеам ама и лесно слабеам сепак мислам дека до 15 кг е нормално за цела бременост сепак и бебето си тежи на крај и се тежи и уште кила од вишок...
Ние сме 24 недела и здебелени сме 6 кг,стомакот до пред една недела не ми се ни познаваше сега почна по малку да се познава,се надевам дека вака ќе качувам на килажа и до крај на бременост хехехе.Иначе градите мн ми се пораснати и така ми беа големи а сега ми се огромни носам за 3 броја поголем прслук .....