Јас сум 23 недела и здебелена сум 7 кг. според калкулаторот на граница. Исто јадам како и претходно, но највројатно е до конструкцијата, а и самото бебе си тежи. Пешачам и јас секој втор ден по 1 саат, претходно на одмор многу се движев.
И јас сум 23та недела со 7кг плус. Мешето многу ми се познава, градите ми се мноогу големи (претходно ми беа премали). Малку ме фаќа паника дека се многу кг, ама тоа е, битно се да е во ред со бебчето. Кога ќе се породам ќе му ја мислам како назад
Не е многу, ќе се вратиме во нормална отпосле, сега здравјето е најважно. А за градите трај, јас бев 85ка величина (и тоа градници само со жица без сунгер) вчера си купив 100ka број Од сево ова маж ми е најсреќен
Бременоста ја почнав со 64 кг, ја завршив со 78, но воопшто не изгледав дека имам 14кг плус. Во последниот месец се накачува највеќе, јас качив 5кг. Две недели после пороѓај бев 68кг (тогаш прв пат ми текна да се измерам). Што се однесува до градите, за време на бременоста ич не ми се зголемија, но затоа кога требаше да излезам од болница неможев да си го закопчам прслучето, мислев ќе ми пукнат И сега сум некои 2 бројчиња поголема во градите како што надојде млекото.
Пред бременоста имав 60 килограми. Сега су 18 недела и имам 64 килограми, што значи дека сум здебелена за 4 килограми. гради си имав големи и претходно сега уште малку поголеми се надевам дека нема да качам многу килограми до крајот на бременоста
Јас сум 33-та недела и до сега имам качено 10,5 кг. Стартував со 55, сега имам 65,5. Од една страна мило ми е, зашто многу јадев последните 2 месеци, мислев којзнае колку сум се поправила, испадна само 2 кг од последниот пат, т.е. во последните 2 месеци Ми олесна, искрено Знам дека сега во периодов што следува најмногу се качува килажа, се надевам нема премногу да биде и дека ќе се регулира после породување.
Мајки и идни мајки, споделете искуства дали зголемувањето на килограмите во бременоста зависи од повраќањето, односно дали ако некоја повраќала во почетокот на бременоста (или и покасно) се поправила помалку и обратно.
^^ Според мене и она што го видов како искуство, нема баш многу врска. Колешка од работа кога остана бремена беше многу слаба. Ама многу. Остана бремена, почна регуларно да си накачува килажа. Во цела бременост повраќаше, од сам почеток до недела-две пред да се породи. Скоро секој втор ден завршуваше на инфузија, од сок повраќаше, да не зборувам за храна. На крај на бременост беше многу, ептен поправена. Не знам ни јас како и од што успеа толку да се поправи, кога постојано повраќаше. За кратко време после породување почна да се враќа во форма, додека се врати на работа веќе беше истата (многу слаба) од пред да остане бремена. Од друга страна, сестра ми во цела бременост само еднаш поврати, буквално, а многу малку се поправи, само стомак имаше, ептен малку во нозете се поправи, вака лицето, рацете, исти и беа. Се надевам ќе ја имаш таа среќа да не повраќаш и да немаш такви проблеми И не се грижи, и да ги накачиш килограмите, ќе ги симнеш после некое време
Јас повраќав многу во првите 3 месеци и тогаш качив околу 1-2 кг. Од 4ти месец веќе ми помина повраќањето и имам голем апетит, така да во 20та недела бев поправена 7 кг Така да нема врска повраќањето, како што расте бебето организмот бара повеќе храна и секако дека апетитот се зголемува, и тоа многу Без гајле
Добро е, ме охрабривте малку Јас сум 6ти месец, останав бремена со 66-67кг а сега сум 74, значи до сега 7-8кг сум поправена. За среќа ич не повраќав (се надевам така ќе биде и до крај) исто како мајка ми кога била бремена со мене и сестра ми. А една другарка многу повраќаше во првите 3-4 месеци и многу малку беше поправена до пред да се породи, ич не и се познаваше, онака само мешето и штрчеше Затоа и побарав да споделите искуства дали има некаква врска едното со другото. Фала ви многу
Ја започнав 23та недела,сега сум со +5кг што е ок мислам Инаку немам нешто многу зголемен апетит јадам нормално како и предходно па ќе видиме како ќе биде понатаму......
Бременоста ја почнав со 68кг а ја завршив во 37-ма недела со 75кг , а за две недели по породувањето т.с. денес имам 67 кг со видливи физички промени и сум малце исплашена за пребрзото губење на килограмите .
Jas sum 23 nedela i sum 5 kg poveke od prvicnoto...Inaku si jadam kako prethodno bez nekoj poseben apetit ili sklonost kon odredena hrana.....ako vaka prodolzam se nadevam deka nema da kacam poveke od 10 kg.
Na vcerasniot kontrolen pregled izleze deka sum 6 kg poveke od prvicnoto odnosno od 63 na 69 kila. Inaku sum 25 nedela i mislam deka e odlicna taa tezina do sega. Normalno toprva ke se kacuva nagore ama sepak bidejki nemam nekoj poseben apetit mislam deka nema da kacam poveke od 12 kg. Pozdrav mesinja
Леле соленки низаедни ви љубоморам . Еве ме 28 недела со + 11 мајкоооо моја, што ќе бидам до 40 недела, страв ме фаќа.