Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Килограмите и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce, 22 ноември 2009.

  1. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Jа започнав бременоста со 50 кг,сега сум на 45 :( 16 недела сум,апетитот пак слабо,ретко да ми се пријаде нешто,катастрофа,не знам како расте тоа бебе во мене,дајте ми некаков совет дечки,како да се поправам барем да се вратам на 50 кг :(
     
  2. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Еве ја како поминав со килограмите во мојата близначка бременост:
    Ја почнав бременоста со 63кг, на пораѓај (во 37 недела) отидов со 72.5кг, значи +9.5кг.
    Еве 12 дена после пораѓај сум -12.5кг.
    И стомакот скоро и да го нема :D :lol:
     
  3. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Да си се цитирам самата :)
    Тоа дека ми се познавал сериозно стомакот во 14 недела немало врска :D
    СЕГА се познава сериозно :lol:
    Еве ме со 37 недели и 1 ден - тежам 66 кг... Тоа се 14кг плус...ама не е страшно, со оглед на тоа како почнав добро издржав досега и не изгледам дебело :rock:
     
  4. First.Impression

    First.Impression Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    24
    Мешиња ве читам и ми доаѓа да си заплачам...Скоро сум 34та недела и имам 19 кг плус до сега :rofl:
    Читам читам и не најдов ниедна приближно да ставила толку килограми, ама сепак не се нервирам толку зашто знам дека сум многу отечена и дека повеќе од тоа е задржана вода :| а за салцето плус, ќе се помачам и ќе го симнам, упорноста се исплати :lol: Инаку не јадам зголемено количество храна, ниту сум стрвна по нешто посебно, се ми е исто со јадењето како и претходно, малку со столицата проблем имам, па и тоа ми влијае да задржувам во себе....Битно со синко мој засега се е во ред, за килограмите ќе мислиме потоа :?: и мојата докторка ми рече за тоа ич да не се замарам....
    Ве поздравувам и бравос за мамичките кои ставила малку килограми, тоа е за пофалба!
     
  5. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.334
    Допаѓања:
    28.265
    Пол:
    Женски
    Ајде и ние да направиме еден апдејт хехе од денес сме 32 недела за килажата страв ме фаќа 12+ сме ,до 26-27 недела килажата седеше на 5-6 килограми плус,качив од 28 недела навака.Вака не изгледам мн дебела мислам дека сите кг плус ми се во градите,задникот и мешето :) :) :)
    Ме фаќа страв дека сега на крај качив повеќе килограми па до 40 недела којзнае колкава ке се направам.....
    Ама да сме живи и здрави синко и јас и се да помине како што треба па после ќе му ја мислам на враќање во нормала ако биде возможно.Се тешам дека за тоа мало створење вреди све.....
     
    На First.Impression му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Ај значи не сум единствена буцка овде, јас пак читам и си викам зар само јас сум од потешките трудници :)

    Враќање во нормала после 1 година викаат ништо не се познава, битно е да се живи здрави па ќе трчаме по нив и ќе слабееме.
     
    На First.Impression му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    И јас сум во буцките :) Си бев многу висока и слаба пред да забременам, сега сум само висока :lol:
    Последното мерење пред 2 недели +14 кг, а имам уште до крај...
    За чудо немам воопшто ни отоци, ни висок притисок, така да не се замарам многу... Овој месец и некако најподвижна сум иако стомакот е веќе кошаркарска топка :)

    Нека си израснат бебушите, ние после ќе си го средиме телото :)
     
    На Domakica и First.Impression им се допаѓа ова.
  8. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    Јас сум 21 недела и сум поправена 5 кг иако стварно нормално ко претходно јадам и не сум по благот воопшто. Вие до каде сте и дали е нормално до сега да се зебелам 5кг?
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    мислм дека е нормално, 5 кг не се воопшто многу, за една недела ке си 6 месец, таман е, јас сум 14 нед и имам 1 кг +, ама се плашам нагло да не ги качам... а за скрининг и 4 д 4000 не е многу, со оглед дека се оди на професионалец, во државна можело да ти се погодат пракрикнти или тукушто завршени, за кај Димчев зборот ми беше да не се закажува 1-2 месеци порано, а за пола саат чекањје не е ништо, а правевте ли и приска 2, или само 1, јас 1 направив во 13 нед и ми излезе некој процент, 1 случај од 2321 жена можело да роди дете со дунов синдром, па незнам дали да ја правам и приска 2, таа мислам е околу 17 нед. И кога го дознавте полот, и кој ви го кажа?матичниот, или?
     
  10. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Еве јас да си се пофалам со + 25 кг и поминат термин. Внимавам на благо и солено, а отоци и стрии на колкови се последното што ме награди синко мој голем и покрај мачкањето и масажи. :/
     
  11. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Јас сум 22 недела и сум поправена 6 кг.
     
  12. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    И јас сум веќе 21+5 дена и сум поправена 5 кг. Јас мислам дека е нормално:mm:

    Што велат веќе искусните??
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    37 почнувам, + 12 кг
    Со оглед на тоа што почнав со мнооогу, и сум склона на нагло дебелеење, не е лошо.
    Кога се гледам само во мев сум надуена. Не се имам нешто драстично поправена на други места. Ма гајле ми е, ќе се слабее после... Важно се да е ок...
     
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Од старт бидејки почнав со многу ми рекоа +1 не смеам.:worried:
    До 12 намалив 4,но сега за 4 недели и тие ги надохнадив и сум плус 4 од почетокот.
    Страв ме фака,не заради килажата дали ке ја симнам колку што ми е страв да не имам проблем па да делува и на бебчето.
     
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    @galapce
    Совет - ќе внимаваш доколку ги имаш оние стандардни склоности кои се ризик фактори заради голема телесна тежина... Доколку има потреба.

    Јас на пример, секогаш сум имала низок притисок, исто и во бременоста...така што не се осеќам да имам ризик од прееклампсија.

    OGTT испитувањето го направив, шеќерот во ред дури и детето ми е поситно, иако сите те плашат од гојазно...

    Внимавав на исхраната, мрсно и пржено не јадам и онака па избегнував заради масти и холестерол што е нормално да се покачат малку кај трудници... Вегетаријанец сум 10 години веќе, и ич не сметаше на трудноќава...

    Не можеш ич да не се здебелиш, тежи дете, тежи вода, тежи постелка... Отекуваш, имаш задршки... Нормално е.

    Кога дознав дека сум бремена, си реков, тоа е тоа, време за диети не е, да сменам нешто не можам, само ќе внимавам на јадење ама без да си ставам некоја голема грижа на душата, оти сигурно не сум првата дебела жена што ќе раѓа.

    Ако имаш некоја друга плус дијагноза, ок, ама ако е само килажата во прашање, не се секирај многу. Со редовни прегледи, се ќе си пратиш.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Добро кој глупак ти рекол дека не смееш ни килограм плус да ставиш, нормални ли се таму лекариве?

    Според некои светски стандарди трудници кои ја почнуваат бременоста со прекумерна килажа треба да качаат од 4-6 кг, со нормална килажа од 10-12 кг а со премала килажа од 14-16 кг.
     
    На Espadrila и galapce им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Притисокот од секогаш ми бил 80-50,90-60.Засега уште е толку.
    @bittersweet На нас луѓето мора така строго да ни кажат за да си сватиме озбилно,не ке е до лекарот.:)
    Алал да ви е ако сте се воздржувале од пржани работи.По тестенини не сум,ама ете за доручек правев пржени лепчиња,ама без едно до две неможам.Или можам ама си се вадам оти така ми одговара.:tmi:
     
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Готово... две пржени лепчиња ќе те здебелат скрос...
    ОК е да изедеш за доручек... но после ќе „надокнадиш“ со салати за ручек и вечера... слободно давај си на душата нешто што го сакаш, само во малку помала количина... или надополнувај со здрави намирници за другите оброци... сепак, душа си бе, сакаш нешто да каснеш... па и на нешто да се настрвиш...
    Само гледај за доручек да биде тоа што ќе ти е „слатко“ за да можеш да го потрошиш до крај на ден...

    Можеби сум малку оф топик и го кажав мислењето по однос на темава, но искрено, кога останав бремена (а дознав 4-та недела), скрос некако се уплашив, се осеќав беспомошно, ја исчитав целата тема, и не најдов баш утеха... а барав само една жена да има пишано - ок е, немав проблеми, поминав ок... затоа пишувам за идни трудници дека еве, има некоја што била со повеќе кила... (BMI>35).... и поминува сега за сега ОК. Се надевам дека и овие 2-3 недели што ме чекаат ќе се исто така ОК.

    Не значи дека ако можете не е фино да се симне килажа па да се планира семејство, но ако се деси апансас, еве мала поддршка дека не мора да значи по дифолт дека е се така црно!
     
    На Sandra1707 и galapce им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.269
    Допаѓања:
    76.323
    Пол:
    Женски
    Ama se potresuvate za 5kg :D jas sum 23 nedela i sum 15kg popravena, visoka sum 180, imam 85kg :D iskreno ne izgledam debelo, bas slatko trudnicko izgledam... :)
     
  20. wenig

    wenig Нов член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Zdravo mesinja jas sum17 nedela I sum popravena 4kg ne jadam mnogu kasno ne jadam epten ako treba ovosje ...mislam deka e normalno poleka po malku...sakav da prasam dali vi go kazaa polot kaj mene ne mozese da se vidi ubavo,sledno sum na skrinink pa veruvam dimcev ke moze da mi kaze