Ретки се жените што ослабуваат одма после пораѓај. Јас на пример стомак немав после пораѓај, одма ми се повлече ама килата (минус бебе и плодова вода) си останаа. И сега несакам да се гледам на сликите со бебето кај што сум со 10 кила плус. Мој совет е да не се водите на тоа јади после ќе ослабеш зошто после ќе имаш други окупации. Кога би имала второ дете од 10 кила повеќе нема да си дозволам да се здебелам.
Ја почнав бременоста со 65кг, првите 4 месеци качив 5 кг, а незнам кај отидоа искрено. Сегде по малку. Сега сум 24 недела со 72кг, уште не накачувам килажа нагло.
И јас почнав веќе 41 недела да терам а сум со плус 10 од стартните. Првите месеци слабеев, потоа во втората третина си ги повратив и ставив некое плус...и последните 2 месеци дојдоа сите останати.
Јас на пораѓај отидов со +17. Од толку пазење и здрава храна пак се накачија 17 тоа е. Кога се вративме од болница одма се качив на вага покажа +10 . Сега после неполни две недели сум +8 без никакво пазање, напротив гледам редовно да јадам и гледам што јадам само ради колку толку превентива од грчеви.
Почеток на 4ти месец а веќе +5 килограми Бременоста ја почнав со вишок, па ми е страв да не претерам со килограмите. Апетитот ми е зголемен бааги ... останав бремена со 76 кг на 1.70 м висина а сега сум веќе 81кг :/
30-та недела, - 8 кг. Стојам тука веќе 3 недели, се надевам дека нема ни да слабеам ни да се дебелеам веќе. Со ќерка ми беше исто. Со многу кила во плус ги стартував двете бремености, и жива среќа што не се поправам! Иако поприлично и пазам што јадам, не се опуштам баш.
И јас си ги вратив килцата што заслабнав,пак сум поправена ,од 7.07 понеделник влегувам во 7ми мес и еве ме со плус 10кг од старт на бременоста нели многу е и вчера бев кај мат гинеколог да му ги однесам резултатите од Ремедика и крвна слика и мокрача и ми рече Браво мн сум задоволна како напредува плодот и бременоста сите резултати супеер,само тежината и до 3 август ми рече ниту едно кг да не сум се поправила а јас баш се чуствувам супер,активна 100ка ,подвижна секоја вечер пешачам...и сега шо на диета ли да бидам
Незнам срцка што да кажам јас малку јадам, помалку од порано ама пак се поправам, и плус пешачам постојано Мојата докторка не ми мери килажа јас дома сама се оптеретувам со тоа Незнам колку можеме да влијаеме на ова, веројатно секој организам си е различен Другарка моја остана бремена со 45 кг а отиде на пораѓај со 95 јас сум се чудела дури цел живот слабичка ја знам не се дебелеела, е ова е веќе многу
Кога ги читам срцка твоите постови ма за било што си помислувам дека јас и ти сме една личноат хехе мн сме слични дури и бременоста ни е иста а и јас имав исо буквално другарка која од 45 отиде со 95 и не си личеше на себе а за мерењето ме мери секој месец мн е мојата докторка принципиелна и само за тоа ми префрла и вика Не јади благооо а јас дома вага немам јас секогаш ми биле важни сантиметрите а не кг и огледалото како изгледам,бидејќи лани ослабев 20 кг а изгледав како 40кг да сим ослабела,но ставив мускули,а мускулот тежи повече од салото и јас мислам сега дека не сум нешто екстремно здебелена 10кг а и не ми сметаат убавка сум си и убаво ми е на душичкава
Не никако на диета, можеш само да зголемиш внес на овошје и зеленчук, сега веќе го има во изобилие и продолжи со активноста, пешачи со брзо одење, се разбира колку можеш, и продолжи да си бидеш активна, тоа е најбитно. Без благо и тестенини може нема да се качува килажа. Ама ете има и мајки мои се хранеле ептен здраво и пак качиле многу килажа. Најбитно е дека се осеќаш супер
Да срцка јас се чуствувам супер и супер активна дури ми се чудат како издржувам на работа ,работам во игротека со деца од 1 до 11год лудило е ,играм со нив ,пеам,ги ранам ,играчки собирам.чистам,мијам,метам,џогирам баш се до 22 сум на работа потоа со мм шетам,чаршија во некој кафич цедено сокче пијам или ако одиме во ресторан салата јадам а ако сум мн гладна нешто пилешки стек ,печен компир или шопска,цезар и сл избегавам пици или сендвичи ,и плус еве пример вечерва јадев цезар салата и природно цеден микс,накај 22 и 30 потоа уште малку поседовме па прошетавме и сега си дојдовме и секако не спијам до кај 3 така да океј ми е,само викам да сме добро јас и бебчето и Господ да не чува,а секако после пораѓај ќе си се вратам брзо во форма барем сум доста едуцирана за тоа а и си имам искуство,имај маче убава ноќ и наскоро со убава вест те чекам
Супер си, тогаш уживај си и не се замарај за кг, со таква активност брзо ќе исчезнат после пораѓај фала ти мила
Вагата во 27гн покажува 13кг + а имам енергија за пешачење а за задишување се задишувам кога качувам угорница или многу скали ама и во најслаба верзија сум се задишувала.А на прав пат цел ден си паткам е сега има разлика во брзината на одењето порано мене ми велеа чекај не трчај не можам толку да брзам сега јас нив
Најболната можна тема ќе ни биди....ама мора еднаш мм да ме однеси на чизбургер и дека не сум на диета па шо сака нека е секогаш тој јади јас го гледам и му каснувам 3пати за форес заслужив еден цел чизбургер мислам Отвори ја сега дури стигниме ние на ред сигурно има други мамички шо ќе сакаат да си ја олеснат душичката на таа тема
Jas sum za vo takva tema so uste +13kg na mene e jas otidov 30+ ama visoka sum pa ne izgledav debelo mnogu. Duri sega i so +13 ne sum loso ama sakam da sum si onaa slabata jas na koja se i stoi
Чекајте, ќе ослабите ќе се стопите слушајте ме. Јас со шрвото 30 и кусур кила плус имав, до 90 се мерев и после не ни се качувава на вагаа повеке бев гарант, па породена со месеци бев 84 кила. После годината веќе паднав во депресија дебељуца, на табота корисниците ми велеа со лесно, мислеа труднс сум, па држев ун диета, и ништо, кога после 4 месеци наеднаш се нспрајв 59 кила. Па завременав со синко и со него максимум 20 качив, на негова година пак 59 бев, до сега кога забременав, и уште немав тест за бррменост напраено а стомак ко некој на 5ти ми рипна, од под гради до долу ко да имам лапнато карпуз. Исега не се замарам, трчај по деца, доење, работи низ дома, ќе нема време мајката да јаде, не па за диетида му ја миски, и уп ко ќе видиш од сррдно фармерките те берат без мака!
Jas sum 24 nedela i vagata kako naednas da mi ripna, sekade razlicno pokazyva, doma mi pokazuva + 3-4 kg, vo apteka + 5 kg, vo druga apteka se merev vcera + 6 kg i ne znam na koj da veruvam, jas se gledam samo vo stomak deka sum popravena zatoa sto naednas mi porasna, e sega malce povise blagicko si apnuvam u posledno vreme oti mi se jadee so da pravam pa moze i od blagoto povekje da se kacuvat kilata