Знам јас дека е нормално да се стават 15 па дури и до 20 килограми ама ако тоа е максимумот добро е. Она што ме плаши мене се искуствата на форумов и во мојата околина за качување и над 30 килограми од кои после пораѓање се симнуваат десетина а останатите 20 што е со нив. My dark passenger???? И пак ќе се вратам на прашањето ЗОШТО некои од вас качиле и по 30 килограми?
Значи нормално покачување на килограмите во текот на бременоста е од 8-15кг. Секоја жена, во зависност од својата генетска предиспозиција, а и во зависност од тоа колку јаде и колку се движи во текот на бременоста качува килограми. Се што е над оваа бројка лично за мене е ненормално. Еве јас во првата бременост имав качено 13 кг., а сега во втората едвај 10кг., бидејќи имав течша бременост.
Јас пак малку претерав, качив мислам 22 кг., како мечка бев , дури во последниот месец д-рот ме советуваше која храна да ја избегнувам, најсериозно дури и ми забрани да ги јадам моите омилени пржени компирчиња Мора да се внимава на исхраната во текот на бременоста, да се јаде повеќе овошје и зеленчук, млеко и млечни производи и колку-толку поздрава храна, а јас ич не пазев, јадев се` што ќе ми се пријаде (најчесто брза и мрсна храна) и тоа во прилично поголема количина од нормалната...не поради она-јадеш за двајца, туку јас бев гладна нон-стоп, а со оглед на тоа и дека тежок гурманџија сум, бременоста ми дојде како кец на 10-ка, се` ми беше послатко и повкусно....претерував Кога се породив се` си остана на мене, 2-3 кг. отидоа со бебето, а др. килограми ....па си го носев со мене додека не се одлучив да си ја вратам назад линијата. Сега пак сум така послаба, варирам 56-7 кг., и знам дека ако пак останам бремена ќе внимавам многу повеќе за пак да не се здебелам толку многу.
bi sakala ako moze da mi dadete sovet znaci imavme odnosi so deckomi veke dva meseci bez zastita predhodniot mesec imav menzis ,ovoj mesec mi dojde 2dena porano mi traese tri dena se imam popraveno okolu 3 kg za 2meseci no stomakot nekako mi e poduen veke 1nedela i me faka panika isto imam i cesto mokrenje ve molam za sovet kolku sto moze najbrgu [mod-kirilica:3oj1tmg4][/mod-kirilica:3oj1tmg4]
А зошто не си купиш тест за бременост да си провериш? Има и ефтини, има и скапи, изборот е твој дури се мислиш и прашуваш по форуми дали си бремена, со тестот ќе знаеш веднаш
Jaс качив некаде 25 кг (можеби и повеќе, ама помалку не беа). Ми беше страв да се качам на вагата Е сега, зошто? Не јадев многу, јадев овошје и пиев многи млеко. Ама најверојатно бидејќи повеќе мирував (поради честите крварења што ги имав) и не се движев доволно, тоа е причината што качив толку многу. А сите тие килограми ги снема еден месец по породувањето. Од каде дојдоа-таму си се вратија А дека не е здраво толку многу-не е.Плус што едвај одев 8 и 9 месец.
´Леле сега се измерив на вагата и гледам сум каЧила 6 кила . се надевам дека нема многу да се поправам , со оглед на тоа што сум ниска и ке изгледам како меЧе
jas imam problem i moram da baram sovet,cel zivot sum krupna i maka macam so simnuvanje kilaza e sega ostanav bremena so nekoi 69 ili 7o kila bremena sum 18 nedela veke i sega imam 78.Strasna panika me fakja ne jadam kako zza dvajca plus i rabotam aktivna sum celo vreme ama ete pak sve se lepi a najinteresno e sto e sve na stomakot nisto nemam staveno na butini znaci sve na gradite i stomakot.ve molam za sovet kako da ne stavam poveke ili mnogu se plasam da ne dojdam na 100 i da ne mi se slucat nedaj boze nekoi komplikacii prva bremenost mi e i cela sum so prasalnici
Е па потруди се да не јадеш леб, тестенини и да не пиеш сокови (дома направени може, но купечки не бидејќи имаат + шеќер). Јади повеќе зеленчук и овошје. Друго чаре нема. И повеќе вода пиј. Ама сепак мислам дека се си е до организмот. Ако ти е во ред бременоста, секој ден шетај, биди си и понатаму активна. И не паничи пред време за можни компликации.
Исто! И еве сега по 3 и нешто години имам пак 68, ах тие 4 кг....останаа мислам дека се опуштаме во текот на бременоста. И јас мака мачам цел живот и одржувам 60и нешто, ама кога бев бремена мислам можев кило на ден да ставам...а и јадев, све и свашта ми се јадеше и нон стоп...пушач голем бев...па ги оставив кога останав бремена и тоа дополнително мислам 10тина ми качи... не се секирај, само гледај поздраво да се храниш... Како си се одржувала до сега, така и кога ке се породиш здравје. Ке видиш со малку напор ке симнуваш многу јас од 64 на пороѓај со 92 отидов....мечката Божана да ме видеше ќе избегаше а сега пак истите алишта си ги носам
Јорде јас мислам дека морас да го смениш начинот на исхрана. И јас сум бремена 17 недела ама имам качено само 3кг. Гледај да избегнуваш тестенини, бели пецива, јади почесто ама помали количини, не јади многу солено и пиј многу течности (ама избегнувај газирани сокови ). Јас дневно седнувам во кујната по 7 -8 пати и свекрва ми пред некој ден ми вика: Колку кила имаш качено те гледам нонстоп си во кујна а не ми стоиш поправена ич, кажи ја тајната......
Во текот на бременоста се здебелив 12 кила , имав 47 кила а на пораѓање отидов со 59. Сега сум ок , 50 кила е нормално
здраво на сите ај да пишам и на оваа тема вака ние ќе правиме вештачко оплодување на кај мај месец и проблемот е во тоа што на почетокот на бракот бев 50 кг и сме во брак 7 години и сега сум 100 кг се здебелив од многу нервоза како си минуваат годината јас постепено се здебелив но се и затворив и дома се одвојив од народот а знам сега кога ке одам во ремедика ќе ми кажат да слAбеам па ќе морам да почнам да слабеам барем да ослабнам некое кило до мај месец за да можам да го поднесам вештачкото оплодување па би ве замолила некој да ми препорача некоја диета поз
Ние планираме и посакуваме бременост здравје Боже.И јас имам проблеми со вишок кг. па сега сум на УН диета 58 дена.За ова време ослабев 12 кг. и се движам кон нормална телесна тежина.Мотивот-бременост е толку силен што сум спремна од се да се откажам.Разгледај ја темата за диети па можеш да избереш нешто што ти одговара.Можеби е најдобро да се советуваш со нутриционист кој ќе ти изготви личен програм кој нема да му наштети на твојот организам.Поздрав
zdravo na site,jas sum 26 nedela i koga se kaciv denes na vaga mi se stemna 13 kg imam kaceno a mi rekoa deka doprva e kacuvanjeto na kilaza inaku sum sklona na debeleenje ostanav bremena so 70 i mi velat so 100 sto posto odis na poragjaj,e sega me interesira dali i pokraj kacenata kilaza sto ocigledno ke e neugodna ke mozam da se porodam normalno ako ima nekoja so iskustvo vakvo da mi kaze fala najmnogu pozz [mod-kirilica:3icak0x5][/mod-kirilica:3icak0x5]
E јас на порагај бев точно 100кг,а останав трудна со 77\78 се породив со епидурал и се беше ок,мислам дека тежината и не игра голема улога
Јас пред бременоста имав 55 кила. Сега во 33 недела имам 66 кила знаЧи 11 кила повеке. А нормално е 1о до 12 кила повеке да се каЧат. Инаку пазам на храна , избегавам благи работи , Чипсови итн.... И многу теЧности пијам во текот на денот. НајЧесто вода со вкус (обиЧна вода нема да ја пијам) ...
jas sum vo 30 nedela, a nekako vagata samo povisoko odi, ama iskreno ne izgledam debela, nekako kako se vo stomakot da odi, ama dosega sum 13kg popravena
Бебето си расне Белувче , а и не само тоа , и плодовата вода , матката се тоа влијае.И јас бев толку 13 кг поправена , а не се познаваше на мене