Вака сега.. Јас во првите 4 месеци се утепав од повраќање што и да ставев во уста за јадење одма го повраќав.. Кога ми престанаа мачнините почнав да јадам по нормално ама пак немам нешто многу апетит.. Ослабнав 2 кг во првите месеци а сега сум 21+ и сеуште немам качено ни кило.. Што мислите за ова?
Јас 30+ па згодна бев, види ме во Какви бевме како трудници и дај ми 106кг некаде хахаха Исто 180 висока, мислам знаеш
Со 54 ја почнав бременоста, па ослабев 3 кг во првите месеци, на последниот преглед пред скоро 1 месец имав 61,50 а вчера се вагав имам 63. Не сум качила ни 10 кг, а со близнаци сум.
Здраво мамички Како што ве читам добра поддршка сте Јас сега сум 6 недела и имам 68кг. Се вишок ми е во долниот дел Гинекологот ми рече 10 кг плус доста ти се до крај Не сум мн висока 166цм, се надевам нема мн да се здебелам Ке се скарам со лебот и печиваѕа
Феминки,ме фаќа многу паника,7 месец сум а имам покачено 12,5 кг,а внимавам шо јадам,кажете ми некој совет,паѓам под депресија незнам шо е причината.
Во 29та недела бев +9, наредната ке видам 33-та па ке видеме колку ќе ме покаже вагата инаку барем насабајле не јадете леб и тестенини, така помалце веројатно ќе се дебелеме јас јадам бејк ролс, крем бананка,(без благо не можам) кисело млеко, неколку овошки, некој пат јадам кроасана60гр и смоки, за ручек шо ми направат кога има варени јајца не јадам леб кога нема леб-1-2 рибанки,после за ужина јадам нешо благце ситно, и навечер ми се пријадува така малце повеќе али јадам само овошје
Кроасани,бејк ролс и смоки не ти требаат,во првата бременост од тие глупости се здебелив 20кг можеби подобро касни леб барем ке ти држи повеке а ова другото се само празни калори,поздрав
Жени, ве читам и се навраќам и јас на моите труднички денови. Кога и јас се грижев за килограмите, па внимавав на ова да јадам она да не јадам.. па нели сите околу дури и непознати на улица те нудат да каснеш зошто тоа во тебе сакало па ноќите во кои сон не ме фаќаше дур не го дојадам чоколадото ... Сакам да кажам, пазете се, но не се оптеретувајте со бројки. Родив три деца во рок од 5 години. Почнував со 62-3 и качував по цели 30. Денес, кога третото бебе ми е 11 месеци, после 3 царски реза, тежам 59 кила!!
Хм, од 22-26 недела јадев све и свашта,насабајле банички,благо колку сакам и се здебелив 4кг за 4 недели, од 25-29 јадев од погоренапишаното и се поправив само 1кг. Мене така ми функционира организмот,поздрав
Си ги имам и гордо ми стојат и прилегаат .. Не им се плашам воопшто.. Знам дека ќе успеам да ги симнам исто како што ги качив .