Како прво ако мислиш да забременеш немој Диети! Јадете лешници, ореви и практикувајте се повеќе секс!
17 недела и +6 кг ,почна и мешето да се познава ,како тргнало само на добро да е одвај чекам да се затопли да можам повеке да се шетам.
Колку е различно кај сите.....значи се е индививуално.. Прва бременост 35+ - ужас! Сега 19недела +7, се надевам понатаму нема уште многу
јас се поправив 20 кила за време на бременоста како слон се осеќав пред месец ипол, по породувањето имав 11 кила минус и дома овие 40дена ослабев 4 кила така да ми останаа уште некои 5-6 кила за слабеење.
јас за време на бременоста пак,мислам дека слабеев,кога појдов на пораѓај не веруваа,се зезаа,не ми даваа ниту 4 месеци,ја бараа мојата матична по тел.да им потврди.напишаа 5 кг демек сум се поправила,а јас си чекам.....се мачам....со пукнат водењак.
Јас пред да останам бремена има 68кг. во текот на бременоста особено во 7миот месец качив 20кг. додуша си јадев што ќе си посакав нормално и овошје и зеленчук по 8 месеци си ја вратив истата тежина затоа женски не се оптеретувајте многу со тежината нормално внимавајте колку што можете ама уживајте си во бременоста како дошле килограмите така ќе си заминат.
Не е баш така....до душа секој организам е различен, ама кг. не се губат туку така лесно. Веќе имам пишувано дека со првата бременост качив 22-23 кг. и ми требаше сигурно 1.5-2 год. да се вратам приближно назад, ама никогаш не успеав да стигнам до моите 53 кг. пред бременоста. Јас сум за пазење во текот на бременоста и за не преголемо опуштање, почести оброци со помала количина храна, да се избегнуваат благи работи (шчлагосани торти и колачи), тестенини, грицки-мицки и газирани пијалоци и секако повеќе овошје и зеленчук. Сега сум некаде 6 месец и имам 8 кг. повеќе, знам дека идеално поправање во тек на бременост е 9-12 кг., ама и до 15 кг. повеќе да стигнам ќе бидам презадоволна ...пазам и тоа многу, ама понекогаш сум стрвна и наместо 2-3 колачиња ќе биднат 5-6 (омилени ми се посните колачиња од Мое колаче, на тие мислам).
Јас за време на бременоста каЧив 15 кила . Сега после 11 дена од породувањето симнав 11 кила . Сегаа неможам многу да пазам на килограмите зашто и ја дојам´, ама затоа гледам да се хранам здраво .и килограмите ке се симнат
Јас сум почеток на втор семестар и имам накачено 2 кг. Јадам редовно но се трудам да е здраво. Имав големи мачнини на почетокот па дури и ослабев малку. Се надевам до крај ќе терам со мала килажа. Впрочем како и да е се додека сме здрави и живи со бебушо тоа е најважно.
17 недела 3 кила+ па фатија и празнициве и викендов се јадеше доста,и секој ден викам од утре пазење,само здрава храна,ама никако тоа утре да дојде,мене лебче највеќе ми се сака...
dragi prijatelki dali nekoja mozhe da mi kazhe dali vishokot kg mozhe da pravi problem pri zabremenuvanje ? vi blagodaram
јас уште немам почнато да ставам килажа, уште ми е истата сега за сега , но ме интересира во 8 9 ти месец кога ке бидам со големо стомаче како ке спијам?? оти ако не лежам на стомак јас неможам да заспијам
навика е сењорита ломбарди, ке се навикниш ке си ставаш повеќе перници ке се навикниш јас за двете по 5 месеци спиев таакa
ич нека не те плаши спиењето, ќе видиш дека ни на страна ќе ти биде мака да спиеш а не пак на стомак. Ставај перници позади тебе, меѓу нозете, пред тебе, па стомакот нека ти лежи на перница поудобно е. Јас засега 19н. имам +6кг. а сега како што мораљм да лежам ќе биде весело